naslov

Здружението на деца и млади со попреченост и нивните родители „Невроразлични“ – Битола организира стручна трибина на тема „Етиологија, дијагноза и третман на деца со аутизам“, на која како предавач ќе учествува истакнатиот научник д-р Наги Момени.

Настанот ќе се одржи на 31 јануари 2026 година, во периодот од 11:00 до 14:00 часот, во КИЦ Офицерски дом – Битола.

616870919 122117192949070357 3405544804795427507 n

Д-р Наги Момени е Ph.D по биомедицински науки, истражувач и иноватор на нов крвен биомаркер за нарушувањата од аутистичниот спектар, кој е национално и меѓународно патентиран. Тој има долгогодишно искуство во биомедицинските истражувања, со посебен фокус на аутизмот, невроразвојните нарушувања и примената на современи научни методи во клиничката пракса. Докторатот го има одбрането на Универзитетот Линеус во Шведска, а неговата работа е презентирана на бројни национални и меѓународни семинари и конгреси, како и во рецензирани научни списанија.

На трибината ќе се зборува за:

  • причините (етиологијата) на аутизмот,
  • современите пристапи во дијагностиката,
  • можностите за рана детекција преку биомаркери,
  • третманот и системската поддршка за децата и семејствата.

Настанот има за цел да ги обедини родителите, стручните лица, едукаторите, здравствените работници, но и сите граѓани кои имаат директно или индиректно влијание и разбирање за тоа што значи да се биде поразличен. Трибината нуди простор каде предизвиците, новитетите и системските решенија ќе бидат разгледани на едно место, преку научен, но и човечки пристап.

615442884 122116047771070357 8753446510795031714 n

Организатор на настанот е Бела Салат, соработници на проектот се Ивана Ристова и д-р Билјана Талевска Антоновски.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…