moto sobir 2025

МК „Конзули“ од Битола годинава одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење и активно делување на мото-сцената. Клубот е препознатлив по својата посветеност на промоција на одговорно и безбедно возење, развој на мото-културата и силна општествена ангажираност преку хуманитарни и едукативни активности. По повод јубилејот, разговаравме со членовите на МК „Конзули“ за почетоците, визијата, мисијата и плановите за одбележување на овој значаен датум.

dedo mraz
moto sobir 2025 1

Читај бе: Кога пред 15 години го формиравте МК „Конзули“, која беше основната идеја и цел што ве обедини како клуб?

МК Конзули: МК „Конзули“ е оформен од група ентузијасти кои препознаа потенцијал во мото-дружбите и во организираното делување како клуб, со цел развој на мото-спортот и мото-културата воопшто. Основната идеја што нè обедини беше да ги споиме љубовта, желбата и хобито кон моторите со промоција на безбедно и одговорно возење. Од самиот почеток се залагаме за законско учество во сообраќајот – поседување возачка дозвола, регистриран и технички исправен мотоцикл, како и задолжително користење заштитна опрема, без разлика на должината на релацијата.

moto sobir 2025 2

Читај бе: По една и пол деценија постоење, дали сметате дека успеавте да ја остварите таа почетна визија и што најмногу ве прави горди од изминатите години?

МК Конзули: По 15 години постоење, сметаме дека оставивме значаен траг, особено кај младите моторџии и почетниците во сообраќајот. Преку личен пример, активности и директни укажувања, постојано ја нагласуваме важноста од почитување на сообраќајните правила и законите. Најмногу нè прави горди тоа што денес МК „Конзули“ е препознаен како клуб што промовира одговорно однесување, безбедност и вистински мото-вредности.

Читај бе: Една од мисиите на клубот е едукација и промоција на мото-културата. Колку, според вас, денес граѓаните имаат поинаков поглед и поголема свест за мото-заедницата?

МК Конзули: Иако сè уште не можеме да кажеме дека сме општество со високо ниво на сообраќајна култура, евидентен е напредокот. Свесноста за мото-заедницата полека расте, но нашата мисија тука не завршува. Континуирано работиме на тоа моторциклизмот да биде прифатен како рамноправен и нормален дел од сообраќајот, со меѓусебно почитување меѓу сите учесници. Веруваме дека со секој изминат ден, чекор по чекор, придонесуваме кон поголема безбедност и разбирање.

обуки

Читај бе: Какви активности и настани најавувате по повод јубилејниот 15-ти роденден и како ќе го одбележите овој значаен момент за клубот и градот Битола?

МК Конзули: Нашиот 15-ти јубилеен роденден ќе го одбележиме на 31.01.2026 година, со почеток од 20:00 часот, во Ресторан „Вавилон“. Настанот ќе биде збогатен со настапи на две рок-групи – Група Баклаби и Група Феникс, со добра музика, вкусна скара, пиво и секако роденденска торта. Влезот е слободен и настанот е од отворен карактер – поканети се сите пријатели, моторџии, поддржувачи и добронамерници. Имаме најавени гости од цела Македонија, како и од регионот.

zabava

Овој настан е само дел од нашите активности во 2026 година. За време на новогодишните и божиќните празници го организиравме традиционалниот настан „Дедо Мраз на мотор“, на 3 јануари, при што беа поделени над 200 новогодишни пакетчиња за дечиња, а беа посетени и децата од Регионалниот центар „Кочо Рацин“ – Битола. Пред Божиќ, во соработка со Off Road клубот „Пелистер“, обезбедивме пакети со храна и намирници за 13 семејства од социјален ризик.

Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
meblo trejd cesmi1
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…