kd bitola

Креативниот Ден 2026 повторно ја обединува најсилната млада модна енергија во земјата и го истакнува потенцијалот на новата генерација модни креативци. Повеќе од 30 тимови од девет средни училишта и девет градови ќе учествуваат во петтото јубилејно издание на овој уникатен едукативно-креативен моден настан, каде младите дизајнери работат рамо до рамо со професионален дизајнер-ментор и Дама која ја носи и презентира нивната креација на ревијата.

Оваа година, професорите од текстилно-модните училишта ја зададоа темата „ФИЛМ“ – богата, широка и исклучително инспиративна платформа што им овозможува на средношколците слобода да истражуваат стилови, епохи и визуелни симболики од светот на кинематографијата. Токму оваа слобода создава плодна почва за автентични идеи, силни приказни и храбри модни решенија.

kreativen den

Креативен Ден 2026 носи и значајна новина: организаторот обезбедува материјал за сите тимови, со поддршка од текстилните фабрики.
„Со ова не само што ја поедноставуваме работата на младите, туку јасно го демонстрираме нашиот концептуален фокус – одржливост, еко-свесност, реупотреба, паметно купување и поддршка на квалитетното локално производство. Вистинските вредности се основата на нашето функционирање и токму затоа Креативниот Ден прерасна во движење, во креативна заедница што постојано се зголемува. Нашата хумана и општествено одговорна мисија продолжува – дел од средствата и донациите од настанот се насочуваат кон унапредување на условите за практична настава во текстилно-модните училишта. Доказ дека секоја креација, секој чекор на пистата и секој вложен труд има поголема цел“, велат организаторите.

По пет години континуитет, зад себе имаат цела генерација млади дизајнери кои преку Креативниот Ден растеа и го направија својот прв сериозен чекор во кариерата. Оваа година дел од нив веќе се запишаа на факултетите за моден дизајн – силна потврда дека текстилната струка ја следат талентирани, вредни и трудољубиви млади луѓе со јасна визија и прогресивен дух.

Како и секогаш, во првите редови ќе седат респектирани модни дизајнери, познавачи на модата, претставници на институции и општествени личности. Меѓу поканетите гости се и почесни конзули, како и Претседателката на Република Македонија, кои ја препознаваат важноста на овој проект и неговото влијание врз младите.

Креативен Ден 2026 – место каде започнуваат модните приказни,
каде младите добиваат глас, а модата добива смисла.

алати мебло1 1
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
Врвни изведби и силни пораки: затворен 27. Фестивал на монодрама во Битола
Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…