Кавала, често нарекувана „Амфитеатар на Егејот“, е град кој плени со својата архитектура, историја и прекрасен поглед кон морето. Шетајќи низ старото градско јадро Панагија, ќе ја почувствувате атмосферата на некогашниот османлиски период, а тврдината на врвот нуди најубави панорами. Кавала е позната по нејзината ривиера која е идеална за долги вечерни прошетки и уживање во свежата риба и морски специјалитети.
















Од Кавала, за само 40 минути со траект, се стигнува до магичниот остров Тасос – „Смарагдниот остров“ на Грција. Тој е вистинска оаза за љубителите на природа и кристално чисто море. Плажата Џиола е природен базен врежан во карпа, кој изгледа како уметничко дело на самата природа. Тасос е познат и по своето маслиново масло, медот и традиционалната гостопримливост.
Кавала и Тасос се дестинации кои совршено се надополнуваат – градска атмосфера и островска магија, историја и природна убавина. Едно патување, две искуства што долго ќе се паметат. Уживајте во фотографиите.



















фото: Мартин Богески









