kosarka srednoskolci

Денеска, во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, се одржа завршниот турнир од државното првенство во кошарка за средни училишта од цела Македонија.

Настанот го отворија проф. Александар Туфекџиевски, претседател на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски и директорката на гимназијата Лидија Споа, кои упатија поздравни зборови до учесниците и присутните.

viber image 2025 04 14 18 24 16 959

Во возбудливите полуфинални натпревари, кошаркарите на „Јосип Броз Тито“ од Скопје во драматична завршница беа подобри од домаќинот – гимназијата со исто име од Битола, додека тимот на „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја совлада екипата на Гимназијата „д-р Ибрахим Темо“ од Струга.

Во натпреварот за третото место, битолската екипа извојува победа над стружани. Финалето донесе одлична кошаркарска претстава на младите таленти од Скопје и Гевгелија, а победата со резултат 70:60 сосема заслужено ѝ припадна на екипата на „Јосип Броз Тито“ од Скопје.

Трите првопласирани екипи добија пехари и дипломи како признание за нивниот успех. Турнирот беше одлично организиран од страна на Гимназијата „Ј.Б.Тито“ од Битола, ОСУС Битола и професорите Михајло Силјанов и Антонио Трпковски.

косарка средносколци1

Натпреварите беа беспрекорно водени од судиите Димитар Георгиевски и Иван Тасев, а записничката маса професионално ја менаџираше делегатот Јован Христовски.

Врвни изведби и силни пораки: затворен 27. Фестивал на монодрама во Битола
Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа …
Пролетни алергии: првите симптоми и како да се подготвиме
Со доаѓањето на пролетта, природата се буди, дрвјата цветаат, а времето станува …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…