izlozba na maturanti

Матурантките  Марија Тиловска и Александра Марковска во склоп на одбележувањето на 40 години од постоењето на СОУ „Таки Даскало“ – Битола го реализираа својот матурски испит, така што поставија изложба во Галерија и музеј ,,Ранко Струмениковски“ во Битола , под менторство на професорката по Ликовно образование – Буба М. Солак.

Интересно е што, учениците од јазично – уметничките насоки одамна концептот училница го заменуваат со нови алтернативни простори, каде ги презентираат своите уметнички дела, така што се видливи за пошироката јавност со што се зголемува  видливоста на идните уметници.

Изложбата беше посетена од родители, професори,соученици, дел од   учениците од класот  беа вклучени  во концептот/изложбата  на Александра Марковска која изработи едночасовно видео инспирирано од концептуална уметница Марина Абрамовиќ , имаа и музички настап. Делата пак изработени од Марија Тиловска кои одразуваат еден психолошки момент со наслов ,,Слоеви на дуата“ акрил и миксмедиа ја инспирираа професорката по Македонски јазик и литература, но исто така и книжевеен деец – Милица Д.Радевска да изрецитира поезија посветена на нејзината ученичка, Марија Тиловска.

Неколку години, благодарение на професорите по  уметност, завршните матурските испити знаат да бидат вистинско откритие и воодушевување – уште еден показател дека во Битола има  многу талентирани средношколци од кои буи креативноста, во секој случај, за пофалба е и поддршката на Галеријата „Ранко Струмениковски“  која им овозможува на  младите уметници да ги изложат и да бидат видени нивните дела.

Битола ќе ја добие првата „Пивска милја“ во Македонија
Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за …
Игри кои ја развиваат интелигенцијата кај децата
Познато е дека периодот до седмата година е период на најголем раст …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…