Викендов успешно се реализираше 8-миот Светски Шампионат на Светската Федерација за Боречки Вештини и спортови [ WFMA ] кој се одржа во периодот 9 –11.05.2025 година во Сер – Република Грција каде учество зеде и селекцијата која ја претставуваше Македонија, а која е воедно и е еден од основачите преку официјалниот претставник на WFMA за нашата земја Дијана Неделковска – Кик Бокс мајстор 6-ти дан.

Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА – НЕД – ДО” – „Златко Неделковски” од Битола на Светскиот Шампионат зеде учество со тим од 10 натпреварувачи кои збирно освоија 10 медали од кои 7 златни т.е. титули Светски шампион.

Имено во конкуренција од над 1.000 натпреварувачи ова се успесите на нашите спортисти:
- Бојана Калешковска [ 11 години во категорија до 39 килограми ] со oсвоен златен медал во лајт контакт дисциплина;
- Ева Ацковска [ 14 години во категорија до 60 килограми ] со освоен златен медал во лоу кик дисциплина;
- Марија Марцевска [ 14 години во категорија до 55 килограми ] со освоен златен медал во лоу кик дисциплина;
- Марио Стиснијовски [ 13 години во категорија до 75 килограми ] со освоен златен медал во лоу кик дисциплина;
- Сара Трајчевска [ 11 години во категорија до 45 килограми ] со освоен златен медал во лајт контакт дисциплина;
- Марија Иломаноска [ 12 години во категорија до 55 килограми ] со освоен златен медал во лајт контакт дисциплина;
- Маја Кузманова [ 24 години во категорија до 51 килограм ] со освоен златен медал во лоу кик дисциплина;
- Елдијон Мерсин [ 11 години во категорија до 50 килограми ] со освоен сребрен медал во лајт контакт дисциплина;
- Христијан Пишмановски [ 13 години во категорија до 80 килограми ] со освоен бронзен медал во лоу кик дисциплина;
- Серџо Бајрамов [ 14 години во категорија до 60 килограми ] со освоен бронзен медал во лоу кик дисциплина.

Советот на Светската федерација за боречки вештини и спортови преку претседателот Смиарис Томас и генералниот секретар на федерацијата Цикриконис Џон на кик бокс мајсторот Дијана Неделковска и доделија 4-ти дан мајсторски црн појас во боречки вештини.
Неделковска за учеството за Читај бе само кратко истакна: „Ова е прво светско првенство на кое нашиот тим учествуваше без мене поради оправдано отсуство, во моменти кога мајчинството има приоритет над спортот кој ете стана моја втора љубов.

И повторно како и половина век наназад нашата академија покажа и докажа дека квалитетот во светот на боречките спортови и вештини Битола го има во себе и дека „просекот” на кој го оставил мојот татко Златко Неделковски продолжува и од 10 натпреварувачи имаме 10 медали.

Доделениот 4-ти дан црн појас во боречки вештини од страна на федерацијата за мене лично беше огромно изненадување. Едноставно во боречките вештини и спортови или работиш со срце или воопшто не треба да работиш. Па така титулите и не ги очекувам, но во вакви моменти кога ќе пристигнат како признание за мојот труд се воедно и награда за моите ученици но и одржување на традицијата на квалитетот.

Тука нема длабока философија. Има само професионална работа со учениците. Се друго е аматеризам и импровизација. Радосна сум што остануваме на правилниот и воедно потежок пат кон успесите во водите на боречките вештини и спотови на светско ниво.”








