Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на покана на КУД „Дримкол” Вевчани и Мултикултурниот центар „Коста Србакоски”, a во соработка со Општина Вевчани, втора година по ред ја реализираа еднодневната ликовна колонија на која оваа година младите ликовни уметници сликаа манастирска и црковна Вевчанска архитектура.
15 ученици на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола 1O часа ги сликаа архитектонските убавини на централната црква „Свети Никола” како и трите Параклиси сместени во Вевчанските Извори а посветени на „Света Недела” – „Свети Јован” и „Свето Преполовение”.
Соработката помеѓу КУД “Дримкол” Вевчани со поддршка од Општина Вевчани започна како еднодневна колонија минатата 2О23 година за ХIII издание на Фестивалот на народна култура „Пображење” а учениците на ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола сликаа на тема „Народната култура во Вевчани – инспирација за младите ликовни уметници” поточно тогаш ја сликаа староградската архитектура на Вевчани.
Успешниот колониски ден заврши со изложба на отворено на ликовните дела на младите уметници – ученици на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на платото пред Општина Вевчани при што истата за отворена ја прогласи градоначалникот Спасе Кочовски.
Пред посетителите Кочовски во името на својата општина им се заблагодари на младите ликовни таленти за своето творештво кое го оцени како битен сегмент кон нега и промоција на народната култура низ ликовната уметност.
Претседателот на управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола Славчо Неделковски и претседателката Елена Хаџи-Антоновска на градоначалникот Кочовски му подарија уметничка слика направена на 33. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” пред 10 години во Вевчани од ученик од Хонг Конг [ Кина ] истакнувајќи ја потребата од соработка со акцент на младите таленти како „Мал Битолски Монмартр” во Вевчани до сега творел пет пати, а посебна Плакета – Признание беше доделена на Тошо Чачороски – претседател на КУД „Дримкол” Вевчани поради кој овој настан станува традиција.
Домаќините возвратија со Благодарница кон Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола за учеството на XIV издание на Фестивлот на народната култура во Вевчани кој започна токму со оваа изложба.
Фестивалот ќе трае и следните 3 дена, а завршува традиционално на 19 август на големиот православен празник „Преображение Христово” што е и слава на Општина Вевчани.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола следна ликовна колонија ќе ја има на 21 и 22 август во Охрид и Струга.