Во текот на минатава недела се правеа последните подготовки за свеченото отворање. Рокот за подготовки веќе поминува, а ангажираноста на волонетрите на Црвениот крст Битола е на максимум. Но сепак, како шт вели Лина Чашитовска, лидер на Клуб на млади при Општинската организација Црвен крст Битола ,тие поминале и со помалку грижи од очекуваното бидејќи имаа голема поддршка од сите волонтери пријавени за првата мини Олимпијада на битолскиот Црвен крст во Битола.
„На отворањето, денес, 18-ти август (недела) во 19:30 што ќе се одржи на Плоштад „Магнолија” сте добредојдени сите вие што сакате да ја почувствувате магијата на олимписката хуманост во вашите срца. На отворањето ќе настапуваат групата Гром, КУД Илинден, а воедно и нашите волонтери со свои подготвени изведби. А не се заборавени и најмалите, кои ќе можат да се фотографираат со нашата маскота, МОЛИКА. Во престојната недела ни следат бурни натпревари кои можат да ја променат иднината на секој натпреварувач. Ве очекуваме недела, во живо да го погледнете носењето на битолскиот олимписки оган“.