preobrazenie

Прославете го Преображението Господово и довршете го вашето преобразување во себе.

Господ Христос се преобразил при крајот на Својот земен живот. Крајот е близу и за вас. Ако според човечкиот часовник треба да живеете уште 50 години на земјата, според Божјиот часовник тоа е околу 50 минути или помалку.

Мисли на блиската смрт. Таа едноставно пристигнува. Ве опкружува од сите страни. Сети се на смртта. Сметај се себеси веќе мртов за светот а жив за Бога.

455843663 849723093921483 6382767953106167669 n

За време на Неговото Преображение на Тавор, Господ Исус разговарал со мртвите, со Мојсеј и Илија. Сети се и ти на мртвите. Сети се на твоите роднини и пријатели, кои те чекаат на другиот свет и кои се молат на Бога што поскоро да те земе од овој свет и да те донесе кај нив. И особено сетете се на светите мажи и свети жени, свети девојки и свети невини деца кои се преселиле пред вас, од минливото во неминливото,вечноста. Одврзете се од светот. Подгответе се за патување веднаш.

Уште само неколку Божји минути или секунди, и ќе се најдете на другата страна, на собранието на мртвите, на најголемиот собир што постои. Дали ќе се појавиш облечен или необлечен, чист или валкан, преобразен или непреобразен, дете Божјо или дете од пеколот – тоа е прашањето сега! Или стекнете сè, или – изгубите сè.

Уште малку, уште малку и играта завршува. Трепери од страв и повикај кон Христа Бога да те спаси.

Викајте: „Спаси ме, Господи, потонувам! Внимавај, ќе ти ја подаде раката и ќе ти рече како на Петар: ЗОШТО СЕ ПЛАШИШ?

Не плашете се, Тој е покрај вас.

Свети Николај Жички

Извор

Моќта на туѓата вага
Пишува: Сара Танаскоска Постои една група на луѓе кои не знаат да …
Д-р Рајовиќ: Има само еден начин да се доведе во ред луто и разгалено дете
Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот „Никола Тесла“, одделот …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…