zadusnica

Денеска е задушница пред Педесетница, ден посветен на споменот на починатите. Спомнувањето на сите починати благочестиви христијани во саботата пред Педесетница е востановено затоа што со собитието на слегувањето на Светиот Дух се завршило домостроителството на спасението на човекот, а во тоа спасение учествуваат и упокоените.

Затоа, Црквата која на Педесетница упатува молитви за оживотворување со Светиот Дух на сите живи, на самиот ден на празникот, ја проси и за упокоените благодатта на сесветиот и сеосветуваштиот Дух-Утешител, која што тие уште во својот живот се уподобиле да ја имаат за извор на блаженства, бидејќи преку Светиот Дух „живее секоја душа“. Затоа, навечерието на празникот, во саботата, Црквата го посветува за спомнување на починатите и за молитва кон нив. Свети Василиј Велики, којшто ги составил умилителните молитви на вечерната на Педесетница, во нив говори дека Господ најмногу во тој ден благоволи да прима молења за умрените, дури и за оние коишто се „држени во адот“.

Молитвата и милосрдните дела се најпотребното за спасение на душите на покојниците но и за нашите души.

И само еден гладен да нахраниме, сме направиле повеќе за душите на починатите, отколку сите формални процедури и обичаи да ги извршиме и најбогатите трпези на светот да ги поставиме врз гробот, за да јадат само оние кои се веќе најадени и не страдаат од глад.

Доживеј ја убавината на Атина, шармот на Пелопонез и мистичноста на Метеори
Патувањето кон југот на Грција секогаш започнува со еден ист возбудлив трепет …
Детска магија, насмевки и аплаузи: „Пинокио“ го отвори фестивалот „Силјан Штркот“ во Прилеп
Една сцена, илјадници детски насмевки и прекрасна фестивалска атмосфера го одбележаа првиот …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…