monmartr nagradi

Четири ученички на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола се добитнички на златен медал од учеството на 25-тото издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија.

„Пријатно изненадени, а сепак нескромно не без очекувања ја добивме информацијата дека 4 наши ученички се добитнички на златни медали на 25-тиот  „Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија.

Тоа се нашите ученички Јована Василевска [ 13 ] – Маргарита Велјановска [ 14 ] – Бојана Стефановска [ 14 ] и Анастасија Наумчевска [ 15 ] кои последната година нижат огромни успеси на светско ниво.

Секако нескромно е и информацијата дека ДЛС “Свети Кирил и Методиј” Битола е единствената школа која ги помина квалификациите и ја претставуваше Македонија на овој значаен настан.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на ДЛС.

viber image 2024 03 07 11 54 54 112

На 25-тиот “Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија пристигнаа детски ликовни творби од 31 држава кои формираа фонд од 3.О66 дела од млади ликовни уметници и талентирани ученици од кои Меѓународната жири комисија додели 455 награди и тоа 422 медали со дипломи за учесници – 11 награди за колекции и 22 награди за ликовни педагози.

„Овие награди и признанија кои се од највисоко ниво се нешто поради кое ДЛС без прекин 56-та година ја работи мисијата на својот основач – светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски а тоа е обезбедување бесплатна ликовна едукација на младите ликовни уметници и талентираните ученици од нашата организација.

И таа мисија нема да прекине иако реално за некого како концепт не е сосема јасна но наградите кои ги добиваат нашите ученици го имаат одговорот дека клучот до успехот е тој и сериозно е несериозно да менуваме нешто што функционира.

viber image 2024 03 07 11 54 54 247

Ние оваа радосна вест ја добиваме во екот на подготовките на 42. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс „Битола” и 43. издание на светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр” на кои според првичните информации покани веќе се пратени до 25 делегации од исто толку земји за учество – Меѓународната жири комисија работи на оценки и жирирање на пристигнатите награди но поради огромниот обем оваа година имаме новитети во постапката.

viber image 2024 03 07 11 54 54 346

Имено на 2О март ќе бидат објавени т.н. големи награди додека наградите за ученици – учесници “златна палета” за колекции “златна четка” за колекции и награди за специјални ќе бидат објавени на 2О април 2О24 година.

Ова е поради пристигнатите над 8ОО пратки на конкурсот од исто толку приватни и државни школи од над 8О држави од светот кои ќе генерираат рекорден фонд од над 5О.ООО детски цртежи од кои ние имаме огромна задача со Жири комисијата и Меѓународниот управен одбор на МБМ да селектираме само 1.ООО дела за изложбата и 45О награди за ученици. И тоа е поприлично обемна работа на која максимално професионално работиме – секој во својот домен.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при ДЛС.

viber image 2024 03 07 11 54 54 042

Според неофицијални информации оваа година на “Мал Битолски Монмартр” се очекува рекордно присуство на над 15О учесници а повеќе детали за манифестациите најавуваат на наведените датуми.

meblo trejd cesmi во боја
(ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…