NovaSolutions 8mart 6

Со голема радост и возбуда, го одбележуваме Денот на жената, Осми Mарт, со посебен текст во форма на интервјуа, посветен на сите наши колешки жени во областа на дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн. Во ова време на славење на женската сила и придонесот во нашата индустрија, возбудени сме да ја споделиме својата приказна и инспирација.

Нашиот тим Nova Solutions е „богат” со силни жени со своја визија, кои секојдневно се борат за своите соништа и цели. Денес, нашите гласови заслужуваат да бидат чуени и прославени. Затоа, со гордост и почит, ги споделуваме своите искуства, предизвици и успеси, заедно со порака за инспирација за сите читатели.

За да го заокружиме значењето на овој ден, сакаме да започнеме со топла реченица која ќе ни помогне да ги поврземе жените со креативноста и иновацијата во дигиталниот маркетинг.

Жените се катализатори на креативност и водачи во светот на дигиталниот маркетинг, со својата неверојатна способност да ги трансформираат идеите во виртуелна реалност. Нивната страст и посветеност создаваат несекојдневни и влијателни кампањи кои меѓусебно ги поврзуваат и надминуваат очекувањата на публиката.

На овој начин, го започнуваме нашето интервју, во кое ќе имате можност да ги слушнете гласовите и искуствата на нашите колешки, воодушевени од нивната креативност и иновативност во светот на дигиталниот маркетинг.

Магдалена, кои се вашите размислувања за придонесот на жените во општеството низ различните кариери и како вашиот работен стил и иновативност можат да ги внесат промените?

NovaSolutions 8mart 3

На моја среќа, во овие 11 години искуство на соработки и терен,во улога на директор за маркетинг и продажба, сретнав жени на различни позиции на кои навистина сеуште се восхитувам. Мотивирана од нив, имплементирав многу нови вештини и работни стилови во своето работење. Иако си имам свој стил на работење како мој автентичен препознатлив печат. Тој се однесува на посебната комуникација која ја имам со клиентите, грижата за нив и нивната промоција и продажба, навременото завршување на работните задачи и предлози. Што се однесува на промените, сметам дека можам да ги донесам преку оние нешта што се викаат додадена вредност“.

А во овој дел сметам дека креативноста ми е јака страна. Да дадам свое видување за креативно креирање на дигитални стратегии за промоција, позиционирање на брендовите и нивно водење низ процесот на вмрежување со мои соработници кои можат да им бидат од корист. И за крај, сметам дека придонесот што секоја жена го дава, без разлика дали е на деловно или лично поле е уникатен. Секоја е своја, секоја е храбра и посебна со своја визија и свој начин на дејствување. Клучно е само да ја гледаме големата слика на сите нешта, да рушиме заедно бариери и табу теми. Само така ќе постигнеме поголемо исполнување и задоволство од своето работење и дејствување во околината во која функционираме. – Магдалена Аневска 

Теодора, како се справувате со предизвиците во вашата улога на сениор графички дизајнер и кои се најголемите предизвици што сте ги искусиле?

NovaSolutions 8mart

Како женско, со позиција графички дизајнер, можам да споделам дека навистина имам премногу секојдневни предизвици, каде нормално секој си има своја тежина. Морам да споделам една интересна случка каде клиентот инсистираше изработување банер но од страна на машки дизајнер’’ затоа што тие сметале дека е посоодветно и подобро би се снашол во нивната индустрија. Нормално банерот беше изработен успешно од страна на  машки дизајнер’’. – Теодора Димовска.

Мартина, ќе споделите ли со нас, од каде црпите инспирација за креативните аспекти на вашата улога како менаџер за маркетинг и продажба?

NovaSolutions 8mart 2

Инспирацијата за мојата позиција ја црпам од различни извори, вклучувајќи активности како одење во теретана, возење велосипид, дружење со пријателите, патување. Дополнително, присуството на креативни семинари за да останам во тек со трендовите игра клучна улога. Но, мојата шестгодишна соработка со успешни жени од различни индустрии обезбеди вредни сознанија. Овие искуства ја освежуваат мојата перспектива и ја поттикнуваат мојата креативност, помагајќи ми да развијам иновативни стратегии за маркетинг и продажба.- Мартина Ристевска

Мелиса, како social media менаџер, кои според вас се најдобрите практики за управување со критики и негативни коментари на социјалните мрежи и како ги минимизирате негативните  последици?

NovaSolutions 8mart 4

Кога се соочуваме со критики и негативни коментари на социјалните мрежи, ги гледаме како можност за усовршување на услугите за нашите клиенти и подобрување на нашето видување во однос на промоцијата.

Во нашата стратегија, културното и професионалното одговарање е највисоко на листата на приоритети, со истакнување на предностите на нашите производи. Секако, не изоставуваме од брзото и ефективно реагирање, испраќајќи одговори што се јасни и точни. Ова помага во изградбата на отворена и доверлива комуникација со публиката, и ги минимизира потенцијалните негативни последици. – Мелиса Бичаковска.

Теодора, како графички дизајнер, кои се вашите размислувања за придонесот на жените во општеството преку различни кариери и како вашата работна етика и иновативност можат да донесат промени?

NovaSolutions 8mart 5

Како графички дизајнер ја ценам значајната улога на жените во различни професии. Жените имаат непроценлив придонес во општеството поттикнувајќи позитивни промени преку нивните различни таленти и вештини.

Преку мојата работа се стремам да ги инспирирам жените на позитивна трансформација во општеството. – Теодора Чагоровска.

Дали со примена на вештачката интелегениција AI гледате закана или можност за успешна колаборација помеѓу вас како тим во креативниот процес?

Како жени во дигиталниот свет, ние ја прифаќаме вештачката интелигенција AI како алатка, а не како пречка во нашата работа. Напротив, AI не само што ги насочува задачите, туку и инспирира свежа и иновативна содржина. А за да бидеме во тек со последните дигитални трендови, и фотографиите за ова интервју се генерирани токму со таа алатка.

meblo trejd cestitka
10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија го доби шампионот на најголемиот натпревар …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – е редок во денешното модерно општество. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…