maja dizajner prilep

25-годишната Маја Атанасоска од Прилеп по професија е  UX/UI дизајн, креатор на разновидни содржини на интернет и има способност за одлично менаџирање на социјалните медиуми. Таа се издвојува како еден од поуспешните дизајнери во Македонија со стабилна бројка на следачи и луѓе кои ја подржуваат на социјалните мрежи, па затоа и не е случајно избрана да зборува на тема ,,Дизајн” во денешното интервју за Читај бе.

Од мали дизајни до голем успех е мотото кое ја опишува Маја. Таа потенцира дека упорноста е мајка на успехот, а за дизајнот се потребни време, трпение, работа, труд и константно збогатување на веќе постоечките знаења преку следење на новитети кои се случуваат во виртуелниот свет.

Не се потребни скапи академии за да станеш дизајнер, потребна е желбата за работа и пренесување на креативноста во дизајн светот – вели Маја за Читај бе.

Читај бе: Маја, уште на самиот почеток од нашето интервју за Читај бе, би сакала да те прашам што претставува за тебе добар дизајн и со оглед на тоа што секое око гледа различно и во секоја душа нѐ кружи иста емоција, како ги разликуваш добрите од лошите дизајни? 

По тоа каква емоција и чувство ми буди на прв поглед. Дали е функционален, дали ги следи основните правила како што се хармонија, хиерархија, конзистеност и т.н.

Читај бе: Колку долго се ,,дружиш” со дизајнот и како започна твојот кариерен пат? 

Ако гледаме на ,,дизајн’’ како општ термин, би рекла уште од мали години. Околу 20 години. Уште од рана возраст правев дизајни во малиот тефтер (добро го памтам и по самите корици и илустрацијата од крокодил), со тоа што лепев слики, илустрации и правев креативни страници. Потоа, на околу 12 годишна возраст започнав со изучување на Фотошоп и неговите функционалности, па добив таблет за цртање и правев илустрации, се додека во средно немаше повик за креирање на лого за музчкиот фестивал во мојата гимназија ,,Мирчев Ацев’’ во Прилеп. Исто така, додека бев средно активно учестував на државни натпревари во областа на веб дизајн и ми беше врачено првото место токму трета година. Активно дружам со дизајнот од прва година на факултет, тогаш станав дел од Студентскиот Парламент на ФИНКИ. Тоа е накратко.

Читај бе: На скала од 1 до 10, коку сметаш дека посетувањето на скапи академии е корисно за градење квателитетна кариера и светла иднина во оваа сфера и зошто?

Уф, тешко прашање. Тука ми се поделени мислењата, така што ќе одам со оценка 5. Зошто?

Од една страна, сметам дека луѓето поседуваат бескрајна креативност во себе, па или ќе ја доусовршат сами, или ќе им е потребен ментор во својот живот за да ги мотивира до степен каде што ќе продолжат сами со нивната креативност. Но дали скапата академија е еднакво пропорционална со квалитет кој ќе го добиеш, тоа се’ зависи од менторите кои ќе го споделат своето знаење и несебичната желба да вложат во нови кариери. Познавам неколку другар(к)и кои се успешни дизајнери благодарение на академија. Секако, можеш да платиш и 10 000 евра за академија, а да немаш желба да научиш нешто.

Додека пак, од друга страна сметам дека кога се сака – се’ се може, така што не е потребно скапа академија за да изградиш квалитетна кариера. Ако си упорен, конзистентен и цврсто веруваш во она што го градиш, мали се шансите да не успееш.

maja dizajner3

Читај бе: Која е најкорисна алатка, метод или техника за учење и секојдневно надоградување? Можеш ли да издвоиш неколку корисни совети? 

Со кој и да разговорам за ова, споменувам само една и единствена – Фигма! Во неа може да се креира од веб дизајн до готов код со помош на плагини, игри, квизови, презентации, објави за социјални мрежи. Последно време ја користам и за креирање на анимација. Фигма е непресушен извор на креирање креативности и прекрасни идеи.

Совет? Изучи ја Фигма како функционира. Ќе ти заштеди време.

Читај бе: Според тебе и твоето досегашно искуство, можеш ли да ни кажеш колку многу или малку се ценети дизајнерите во Македонија? Што ни недостасува и дали странските клиенти повеќе го ценат тудот и вложеното време во еден проект од страна на дизајнерот?

Многу зависи од фирма до фирма и од клиент до клиент. Моментално имам прекрасни клиенти од Македонија кои го почитуваат моето време и труд и го почитуваат мојот избор поврзан со дизајн. Но, реалната слика е дека сме малку ценети од понудена цена за сработен проект до барање на ревизии. Имаше една шала, ас го правам дизајнот – плати ми $10. Ти го правиш дизајнот – плати ми $1000, бидејќи клиентите а и фирмите знаат многу да ја нарушат креативноста на дизајнерот и неговата слобода. Додека пак, со странски клиенти сум имала далеку подобро искуство. Не те прашуваат ,,зошто толку многу наплаќаш”, туку значајно им е да им доставиш високо квалитетен дизајн.

maja dizajner1

Чита бе: Колку проекти се потребни за стекнување самодоверба во оваа сфера со цел да можеш да му ги покажеш на светот твоите дизајнерски квалитети?

Многу. Не се станува дизајнер само со еден или два дизајни.

Чита бе: Која литература би ја издвоила за неопходна за сите идни и сегашни дизајнери кои постојано трагаат по квалитетни библиотеки и напредок во својата кариера? 

,,The design of everyday things” од  Дон Норман, и секако мојата ,,UX/UI дизајн – водич за почетници” 😅.

Читај бе: Што е она што би го променила кога е во прашање дизајнот доколку некогаш ти биде доделена таква моќ? 

Постарите колеги, дизајнери да не гледаат со замерка и хејт на новите дизајнери, бидејќи секој започнал од некаде и секој заслужува поддршка и разбирање. 

Читај бе: Колку време ти е потребно да изработиш еден проект и дали преферираш да работиш сама или со тим?

Преферирам сама да работам, бидејќи само така зависам од себе и можам да се ставам под притисок да завршам се навреме. Некогаш ми е потребен еден ден, некогаш максимум два месеци. Зависи од барањето и големината на проектот.

Читај бе: Колку е лесно или тешко да стекнеш верни клиенти? Можеш ли да ги наградиш читатлите со неколку совети? 

Стекнување клиент е исто како стекнување најдобар пријател. Треба да си лојален, да го цениш и градиш тоа пријателство, да ги исполниш неговите барања и почитуваш неговото време, но да понудиш огромна ВРЕДНОСТ. 

Читај бе: Те плаши ли постојаниот развиток на вештачката интелигенција (AI)? Како гледаш на оваа ,,дилема” и дали можеби, потајно, постои некоја мала опасност за дизајнерите? 

Не, воопшто не се плашам ниту сметам дека е опасност за дизајнерите. Мене лично ми помага доста во креативноста кога имам креативен блок. 

Не сметам дека вештачката интелигенција може да го замени одличниот дизајнер од кого зависат сите клиенти на кои им е потребнен human-touch. Затоа, секогаш давам совет, разликувај се од топлата и секогаш ќе бидеш чекор напред.

Читај бе: За крај би сакала, како доста популарен дизајнер на социјалните медиуми, да пренесеш нешто ударно и значајно за сите заинтересирани во оваа сфера. 

Првата плата нема да ти биде 1000 евра и тоа е факт. Мора да поминеш долги непреспиени ноќи за да започнеш да заработуваш месечно повеќе од 500 евра како дизајнер. Бидејќи оваа професија бара доста трпение и посветеност.

Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …
meblo trejd kvaki

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…