polska

Галеријата и Центарот за детска уметничка креативност во Торун од Полска ги објави резултатите од XXII конкурс на кој според организаторот на темата за 2О24 година “Секогаш зелено – секогаш сино” твореа 7.ООО млади ликовни уметници кои генерираа над 7.5ОО детски ликовни цртежи од деца од над 4О земји учесници.

viber image 2024 10 19 14 14 25 482

“На натпреварот во Торун – Полска учествуваме традиционално 22 години колку и што постои.

Она што го прави овој Меѓународен ликовен натпревар за деца и млади посебен е што сериозен престиж е освојувањето на награда а огромен предизвик да се стане уметник чие дело ќе е дел од изложбата која во следните 365 дена ќе патува низ Полска и земјите од Еворпската Унија.

viber image 2024 10 19 14 14 26 379

Согласно билтенот ученичката на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола – Маргарита Велјановска [ 14 ] е добитничка на златен медал во својата возрасна категорија во IV група т.е. талентирани млади ликовни уметници од 14 до 16 годишна возраст.

Маргарита Велјановска воедно за 2О23 година беше прогласена и за најнаградуван член при Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка при ДЛС.

viber image 2024 10 19 14 14 26 356

Галеријата и Центарот за детска уметничка креативност во Торун од Полска веќе ја промовираа изложбата на која Македонија ја преставуваат и 5 членови од Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кои конкурираа со своите уметнички дела.

viber image 2024 10 19 14 14 25 983

“Огромно значење за нас како организација е и колективната изложба на која ќе се поставени дела од над 4О држави учеснички.

viber image 2024 10 19 14 14 26 154

Од Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола испративме 31 дело на наши членови а избрани се делата на: Леа Стерјев [ 15 ], Ана Полизовска [ 15 ], Стефанија Димитријовска [ 15 ], Бојана Стефановска [ 14 ] и Миа Мицевска [ 13 ].

viber image 2024 10 19 14 14 26 324

Воедно со овие награди Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола ја надминува цифрата од 23О награди од светските детски ликовни конкурси кои ги освоиле нашите ученици кои воедно партиципирале на колониите во Битола – Охрид – Вечани – Струга и Евора [ Португалија ] и реализирани се изложби во Македонија – Турција – Португалија и Босна и Херџеговина а самата организација изврши 1О донации на над 15О дела од “Мал Битолски Монмартр” од минатата година и тоа кон Општина Битола – Манастирот Свети Јован Бигорски – Вишото Јавно Обвинителство во Битола – ОО Црвен Крст – Битола и ЈОУ КИЦ Битола.

viber image 2024 10 19 14 14 26 224

Нашата цел иако сме кон крај на месец октомври за оваа година не е ни приближно завршена како не очекуваат и резултати од уште 5 конкурси од кои очекуваме новини во претстојниот период.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.

viber image 2024 10 19 14 14 26 425
Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…