Messenger creation B7D32868 594B 4465 9F03 ABB490387C67

Македонското научно друштво – Битола го одбележа Денот на жената со тркалезна маса на тема „Женски поетски хабитус“.

„Идејата произлезе од согледбата дека во нашата современа книжевна критика недостасуваат текстови кои аналитички и критички му пристапуваат на книжевните текстови напишани од жени, а и од потребата да се отвори поле за дискусија за книжевните дела напишани од жени без да се прават обиди да се вкалапуваат тие дела во некаков претходно утврден канон на вредности поставени низ историјата на „машката“ перцепција на „женското“, односно без да се пристапува кон книжевниот текст напишан од жена со предрасуди дека таквото писмо е емотивно, разнежнето, нежно, тивко, суптилно, романтично, патетично…“ – рече претседателката на Македонското научно друштво – Битола, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.

На тркалезната маса со свои излагања настапија членови на Македонското научно друштво – Битола и членови на Друштвото на писателите на Македонија и секој од нив даде свое видување за книжевен текст напишан од жена – авторка од Битола и битолско. Се зборуваше за ликот и делата на: Гордана Михаилова Бошнаковска, Вера Стојчевска Антиќ, Елизабета Баковска, Светлана Христова Јоциќ, Лилјана Чаловска, Даниела Андоновска-Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Гордана Стојаноска, Милица Димитријовска Радевска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Мирјана Стојаноска, Лили Бошевска, Ели Маказлиева и Силвана Нешковска. Текстовите од вкупно 24 значајни книжевници ќе бидат објавени во посебно издание на МНД кое понатаму може да служи како основа за развој на книжевната научна мисла.

Тивките луѓе често знаат најмногу – зошто?
Во свет во кој најгласните често добиваат најмногу внимание, тивките луѓе понекогаш …
Бабец театар одбележа 16 години постоење со две значајни театарски вечери
Бабец театар од Битола одбележа 16 години постоење со два значајни настани …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…