zeni

8 март одамна е обична дата во календарот.

Концептот на Меѓународниот ден на жената беше жената да има можност својот интелектуален капацитет да го искористи во градење на индивидуална и на општествена мисла – под машки псевдоними се обелоденија многу женски дела и идеологии кои се круцијални за светската наука и култура.

Во суштина, т. н европска жена е многу поназад со феминистичката мисла од балканската  и македонската жена.

Зошто?

Нашите жени од искона биле – чувари на огништето, а доказ за тоа е македонската книжевност, народните родољубиви песни. Време е да признаеме дека зад едноставната, македонска жена се одигрува драмата на честа, чување на образот, женската чесност како истакнат момент во зачувување на чистиот генетски код.

Историски гледано, македонскиот маж е отсутен од домот – па до завршувањето на Втората светска војна, тој е постојано втурнат во огнот – реално за туѓи интереси, потоа во трисменските фабрики. А, домот го чува жената, децата ги воспитува жената, полето го работи жената, по потреба – жената заминува и во војна и во трисменска фабрика.

Секогаш има исклучоци, но,се знаело која е улогата на мажот и неговите обврски и се знаело која е улогата на жената и нејзините обврски. Денес и двата рода се поклоници на консумеризмот, кој  настапи речиси наивно, а денес со огромен апетит од сè прави настан – каде имаме можност да си покажеме финансиската моќ или ако нема човек – тогаш е неспособен или не умее да се снајде – добре  дојдовте во невротичното профилирање на светот.

Македонската жена отсекогаш играла за репрезентација, небитно каква музика слушате има две песни кои доволно откриваат што значи силна и одлучна македонска жена:

А што беше лична Тодорка
нарами пушка на рамо
запаша сабја пренгија

Каде се чуло, видело,
мома војвода да биде?
На седумдесет другари,
на тие гори зелени,
на тие гори зелени,
на тие води студени.

Од 8 Март – се направи тезгарски панаѓур. Ако на почеток се подаруваа цвеќиња, денес се подаруваат скапи ваучери, патувања, накит, закитени со кафанска мени закуска, во позадина најновите музички достигнувања – свадба без зет и невеста.

Почитувани жени, дали сте среќни? Дали сте онаму каде што посакувате да бидете? Дали имате соништа кои сакате да ги остварите?

Жената не е украс на светот, жената не е вкусна порција во скап ресторан, жената не е трофеј.

Жената е портал во овој свет, само затоа што нејзината работа не е постојано експонирана, не значи дека не е важна и вредна…па на крајот, секој маж е роден од жена, така што место да си ги копаме родово очите, редно е да сфатиме дека мажот и жената се создадени да се доплонат, не да се сфатат меѓусебе, не дека е на одмет, но пропагандите имаат рок на траење бидејќи се нечиј интерес, ама природата е посилна и кога треба да опстои и кога треба да се спротивстави.

meblo trejd -dusek
Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

Бутин: Кој е навистина слободен?

Пишува: Биљана Т. Димко Време е чекор по чекор да се припојуваат…