IMG e26f4e60784c85b8a3c21cef405ad117 V

Објавени се и резултатите од светското детско ликовно биенале [ конкурс ] Канагава кое се одржува во Јапонија во реализација на Министерството за надворешни работи на Јапонија – Јапонската агенција за меѓународна соработка – УНЕСКО – УНИЦЕФ и ООН и кое кон крајот на минатата година го одбележа своето 23 издание.

1000005763

Канагава светското детско ликовно биенале воедно е еден од најстарите детски ликовенни конкурси во светот кој без прекин се реализира веќе 46 години.

1000005762

За 2О24 / 2О25 година учество на големиот настан имаа 71 држави од сите контитенти на светот кои генерираа фонд од над 15.ООО детски ликовни цртежи од кои меѓународната жири комисија ги додели наградите Гран При и тоа на 3 држави – Награда од Министерството за надворешни работи и комуникации – Наградите за специјални колекции кои се доделни на 35 школи и наградите за најдобри ученици – учесници кои ги добија 35О ученици од цел свет.

1000005761

Од Македонија – ученичките на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола: Фросина Полизовска – Сара Сотировска и Стефанија Димитријовска се меѓу добитниците на престижните Награди “Канагава” т.е. златен медал – објави организаторот на настанот.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола во Биеналето во Канагава – Јапонија веќе традиционално одвојува високи награди низ сите 46 години од неговата реализација.

IMG 523775299fa6427a00cb17e716a5c242 V

Наградите на ученичките на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ќе им ги додели амбасадорот на Јапонија во Македонија на церемонија која претходно ќе се договори со студиото, а најверојатно при реализацијата на 44 издание на “Мал Битолски Монмартр” 2О25 година.

На претпоследното издание во 2О23 година златен медал освои членот на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола – Нина Пешевски.

IMG d9df6e314daad07b3a49c70a0abab347 V

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…