spajk

Сликовницата „Мисијата на Спајк“ е дело на деветтоодделенецот Христиан Ангел Јовановски, ученик во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Скопје. Младиот автор, роден на 11 февруари 2010 година во Мелбурн, Австралија, го напишал овој расказ уште како петтоодделенец. Во 2021 година, неговото дело учествувало на анонимен конкурс, каде што било наградено, а четири години подоцна, наместо роденденска торта, Христиан во рацете ја држи својата прва сликовница.

slikovnica

Со оваа книга, расказот доби нова димензија, а Христиан со право може да се гордее како еден од најмладите автори во земјава и пошироко. Во изминатите години, активно учествува на книжевни конкурси за деца, освојувајќи бројни дипломи, благодарници и награди, како во земјата, така и во странство.

Инаку, Христиан има битолско потекло, тој е син на познатата поетеса, романсиер и текстописец м-р Оливера Јовановска која што има напишано безбојни текстови за Битола, некои се преточени во песни и интерпретирани од нејзиниот сопруг Љупчо Јовановски – Бубе.  

„Мисијата на Спајк“, е расказ во кој главниот лик – кучето Спајк е раскажувач на приказната. Миленичето Спајк освен што знае да лае, тој е најдобриот другар на детето Кико. Кучето има антропоморфен облик: зборува, раскажува, ноќе истражува работи како таен агент, носи наочари, заработува пари и е центарот на приказната за големата мисија на животот затоа што исполнува аманет.

476633904 2207164773018757 700930369976239262 n

Каков аманет???

Тоа сами ќе го откриете ако ја прочитате сликовницата а можете да ја набавите во повеќе книжари низ Македонија како и во Атланитик Комец во Битола, поранешно Крле Врле, карши Ленски мост. 

Кучето Спајк има шарено крзно во црно-бела боја, а на себе носи темни, модерни очила. Миленикот е како член на семејството секојдневието лежи на син кревет, а ноќе истражува.

Што истражува???

Детето Кико го негува и го чува кучето Спајк, а за возврат Спајк му ја креира иднината.

Како му ја креира???

Овој расказ носи дидактичка порака дека кучето е најдобриот миленик што дава безусловна љубов на сите што се грижат за него и го чуваат.

Мисијата на животот е дека секогаш доброто со добро се враќа! Децата од рана возраст треба да се учат, да почитуваат, да сакаат и да прават добри дела.

476826265 2207165159685385 2730587668826505702 n

Што го исповоцира Христиан од рана возраст да напише ваков рсказ кој се преточи во сликовница?

,,Кога живеев во Мелбурн Австралија и бев во петто оделение по македонски час требаше да напишам нешто за милениче. Имавме милениче куче по име Спајк, кое беше член на семејството дури и пред да се родам јас. Пораснав лазејќи со него, галејки го, влечејки го за крзното а тој секогаш ме гледаше милно со неговите кафеави очи. Ми се причинуваше како да ми простува за сите палавштини што му ги правев. Знаевме да се гушкаме и да се тркаламе по подот. Во тоа време носев очила па знаев да му ги ставам на неговите очи и ми доаѓаше некоја имагинација дека тој е мојот чувар. Во моите детски мисли го замислував како да е таен аген, детската фантазија немаше граници. Моите родители често знаеа да ме остават да си играм со него додека тие ги обавуваа нивните обврски. Мајка ми зафатена со готвење, татко ми со неговите обврски, јас немав баба и дедо да ме чуваат, но затоа Спајк беше мојот пријател и чувар. Јас растев, тој старееше, така што дојде денот кога требаше да се разделиме со него, не само јас туку цело мое семејство. Во негово сеќавање решив расказот да го оживеам, да го преработам и да му дадам вечен живот на Спајк. Се надевам дека расказот – сликовницата ќе биде добро прифатена, како од децата од најмала возраст така и од возрасните затоа што има тежина на семејни вредности“, вели Христиан.     

Издавач на оваа сликовница која може да се најде во книжарниците Ширум земјата е ЕДУКА МАК ДОО – Скопје.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…