zelena

Транзицијата кон зелена енергија и декарбонизација во Македонија веќе е започната, но мора да се спроведува внимателно за да се избегнат негативни последици од енергетски, економски и социјален аспект. Ова беше клучната порака од тркалезната маса одржана во рамки на третиот колабораториум на Европската алијанса КОЛОРС, организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола под наслов „Зелената транзиција – Паметни патишта кон одржлив развој“.

На дискусијата учествуваа претставници од АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола, Општина Битола, Техничкиот факултет Битола и претставници од невладиниот сектор. Професорите од Техничкиот факултет истакнаа дека концептот на „праведна транзиција“ бара внимателно и долгорочно планирање, при што се потребни огромни финансиски средства кои државата во моментов не ги поседува.

2 esm

Од Општина Битола посочија дека поимот „праведна транзиција“ добил конкретно значење откако беа објавени потенцијалните датуми за затворањето на РЕК Битола, процес што директно ќе влијае врз економијата, вработувањето и животот на граѓаните во Битола и регионот.

Никола Наумчевски, помошник директор на Термоелектрани при РЕК Битола, нагласи дека во моментов домашниот јаглен е единствениот начин за стабилно снабдување со електрична енергија и намалување на увозната зависност. Како алтернатива во иднина се наведуваат големи инфраструктурни проекти како хидроелектраните Чебрен и Галиште, проектот Вардарска Долина и изградбата на гасна електрана.

izjavi

Експертите предупредија дека иако загубата на работни места во рудниците можеби изгледа мала на национално ниво, таа ќе има непропорционално големо влијание врз локалната економија, заканувајќи се на опстанокот на малите бизниси и квалитетот на социјалните услуги.

1 esm

Тони Ангелевски, помошник директор за развој и инвестиции во РЕК Битола, информираше дека е во тек подготовка на Инвестициски план за транзиција од јаглен. Планот опфаќа проекти за обновливи извори на енергија, унапредување на преносната мрежа, системи за складирање на енергија, зголемување на енергетската ефикасност и развој на еколошки прифатлива топлинска енергија.

Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
Урмите – природен извор на енергија
Урмите се вкусен и хранлив плод кој потекнува од палмата Phoenix dactylifera. …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…