Kiril Dzajkovski 15 06 2025 640x420 1 e1749665114398

На 15 јуни 20:00 часот, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување!

Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ќе биде изведена музика од култни домашни и меѓународни филмови како:  „Големата вода“ – добитник на награда за најдобра филмска музика во Валенсија, „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“– добитник на награда за најдобра филмска музика во Букурешт, „Трето полувреме“ и многу други.

Под диригентската палка на Џијан Емин, со учество на солистите Владимир Крстев, Ратко Даутовски, Антоние Весковски, Андреј Трајковски и Игор Иванов, концертот претставува ретроспектива на 25 годишното композиторско творештво за филм на Џајковски – музичко патување што не се пропушта.

Кирил Џајковски, oсвен што е еден од најценетите електронски артисти од регионот тој е и успешен композитор на филмска и театарска музика. Неговата визија и неговите исчекори се секогаш пионерски патокази за правците на развој на новите музички форми.

JK Travel
НУ Народен театар Битола го зајакнува меѓународното присуство како основач на нова балканска театарска мрежа
НУ Народен театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на …
Триото „Интерарт“ со концерт во Македонскиот КИЦ во Загреб
Триото „Интерарт“, составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…