до 3

Во Битола се одржа 27то издание на детскиот фестивал Си-До. 23 талентирани ѕвездички блеснаа на сцената на Центарот за култура во Битола.

На овогодинешното издание на Си-До, нетрпеливо чекаа учесниците да настапат со нивните песнички на сцена и раскажуваа колку се возбудени и колку е убаво искуството да се биде дел од Си-До.

до 2

Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот во нашата држава а посебно на градот Битола, како и кај многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

Сите генерации се собраа на едно место, се почувствува еуфоријата и радоста на многу мили деца. Детска песна ечеше, одекна детски џагор и ракоплескање. Со многу музика и насмеани детски лица се одржа 27то издание на најпопуларниот детски фестивал Си-До“ – изјави организаторот на фестивалот, Дарко Шерденков.

Подготовките околу Фестивалот се во текот на цела година. Сите активности на фестивалот можете да ги следите на  профилите на социјалните мрежи на детскиот фестивал Си-До.

до

Детскиот музички фестивал Си-До веќе 27 години создава детски хитови, а со тие хитови израснаа многу генерации на деца.

Заедно ќе имаме уште многу вакви моменти за паметење, дотогаш останете во добро здравје, радувајте се и слушајте ги песничките од Си-До.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…