teacher 4784916 1280

„Зад секој голем човек стои голем учител!“

Најблагородната професија во светот е учителствувањето. Но, од аспект на времето во кое живеме е скоро најнепочитуваната.

Ние можеме бескрајно да „млатиме празна слама“, но секое здраво општество има стабилен образовен систем и стабилен здравствен систем, па од нив произлегува светото тројство во соработка со стабиле судски или правен систем.

„Покажете ми го учителот кој го почитуваат учениците за да дознаам кој учител ги почитува учениците како личности“ – е реченица која стои маргинализирано во педагогијата како наука, со оглед на тоа дека просветните работници, не попусто порано се именуваа како просветари, затоа што тие се заслужни за будењето на населението, за националналната и општествената свест.

teacher 4784917 1280

Македонската книжевност е многу поподатлива од македонската национална историја која има тенденција да ѝ се додворува на административните државнички потреби, ама книжевноста е слоевита и бара толкување.  Во отманскиот период за највлијателни ликови во средината се сметале: даскалот кој им го отворал умот на учениците, екимот кој го лечел населението и кадијата кој може криво да седи, но мора право да суди.

Да не се лажеме, секогаш има неправда, но најбитно е секогаш и да има борци против неправдата.

Денес се одбележува светскиот ден на учителот. Светскиот ден на учителот се одбележува секоја година низ целиот свет. Голема е вистината дека на светот му требаат многу наставници ако сакаме да постигнеме универзално основно и средно образование. Одржувајќи  се годишно на 5 октомври од 1994 година. Светскиот ден на наставниците ја одбележува годишнината од потпишувањето на УНЕСКО и МОТ  (Меѓународна организација на трудот) од 1996 година за статусот на наставниците, кој претставува главна референтна рамка за адресирање на правата и одговорностите на наставниците на глобално ниво.

Главна одлика на наставничката професија (учителската) кои ја прават да биде една од најблагородните професии во светот се одговорноста и посветеноста.

Постоеше едно време (многу одамна) кога професијата наставник беше авторитет и принцип. Додуша и денеска е така , но во многу  ретки исклучителни ситуации.

Денес е технолошко време.  Време во кое класичното е потиснато од современото. Времето се менува, а со него и генерациите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…