Два дена Битола беше центар на младинската кошарка во Мaкедонија. 16 екипи во 3 категории се натпреваруваа на 10. Меѓународен Велигденски кошаркарски турнир „Битола 2022“ кој што беше во организација на КК „Младост“ и Општина Битола. Натпреварите се одиграа во 3 спортски сали со учество на преку 200 млади кошаркари и кошаркарки. Свој натпревар имаа и ветераните на КК „Младост“ кои потсетија на времето кога беа два пати прваци на државата во младинска конкуренција и имаа повеќе успешни настапи на турнири ширум Европа во периодот 2003-2007 г. Единствена екипа од странство беше „Olympia Larissa B.C.“ од Лариса-Грција која прикажа игра на ниво на кошарката од земјата од каде доаѓа.

FB IMG 1652031158565

Организаторот додели медали и дипломи на најдобрите по категории, а беа прогласени и најдобри играчи (MVP) во секоја категорија.

202205081113031004

-Како и секоја година во минатото турнирот помина во одлична организација и добри натпревари. Задоволен сум од постигнатите резултати и воопшто квалитетот на натпреварите. Им благодарам на екипите од другите градови, посебно на нашите гости од Грција кои учествуваа на турнирот-изјави Горјан Стојановски, претседател на организациониот одбор на турнирот.

-Прв пат учествуваме на ваков турнир во странство. Одлично организиран од професионалци и задоволен сум од постигнатиот пласман. Остануваме во контакт со КК „Младост“ од Битола со кого во иднина ќе одиграме и пријателски натпревари кај нас-изјави Парис Сокас, тренерот на „Olympia Larissa B.C.“.

FB IMG 1651954188325

-КК „Младост“ на чело со Горјан Стојановски одлично си ја знае работата кога се во прашање вакви турнири. Турнирот беше организиран на високо ниво со квалитетни натпревари-изјави легендата на македонската кошарка Стерули Андоновски кој двата дена со посебно внимание ги следеше натпреварите.

                                                                                                    Владимир Прчков

РЕЗУЛТАТИ

ДЕВОЈКИ 2008/09

  1. Пробаскет (Кавадарци)
  2. Пелистер/Младост (Битола)
  3. Охрид

Најдобар играч (MVP): Лиле Ѓорѓиева (Пробаскет)

МОМЧИЊА 2005/06

  1. Охрид
  2. Пелистер/Младост
  3. Декса (Прилеп)

Најдобар играч (MVP): Стефан Капевски (Охрид)

МОМЧИЊА 2007/08

  1. Пелистер/Младост (Битола)
  2. Olympia Larissa B.C. (Грција)
  3. Охрид

Најдобар играч (MVP): Наум Марковски (Пелистер/Младост)

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…