dijana

Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА НЕД ДО” од Битола по подолго време во Средното општинско училиште „Јосип Броз – Тито” од Битола одржа едукативен час по превенција од насилство.

Имено, Академијата уште пред 10 години вакви едукативни часови реализираше во сите основни и средни училишта во Битола и безбедносните органи на Македонија при што ефектот по основ на резултатот беше на завидно ниво особено кај учениците кои осознаа како да го спречат т.е. одбегнат евентуалното насилство врз нив.

По паузата, на покана од учениците Правобранители при Средното општинско училиште „Јосип Броз – Тито” од Битола во соработка со стручната служба и тимот за превенција на насилство  заедно со Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА НЕД ДО” од Битола го организираа настанот – едукативен час по инстинктивна самоодбрана.

Настанот имаше повеќе фокусни цели од кои примарна беше сите заедно да им помогнат на младите наши сограѓани како да научат и осознаат дека можат и треба да се самозаштитат – што е самоодбраната како форма на избегнување а не вклучување во предизвиканиот конфликт како и фактот дека не е обична фраза дека младите лица треба и мора да живеат и растат во свет кој е малку побезбеден за нив.

Настанот го координираше професорот по спорт Михајло Силјанов – ученици претставници од училиштето, а едукативниот час со својата стручност го водеше трикратниот светски шампион во екстремна самоодбрана во апсолутна категорија мажи – жени над 18 години Дијана Неделковска која е и главен тренер при Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА НЕД ДО” од Битола и носител на титулата Кик Бокс мајстор 6-ти дан и нејзините тренери и асистенти.

Фото: Јован Илиевски

Ивана Богоевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…