400657190 744585847710402 80067883036889251 n

Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски беше домаќин на амбасадорот од Република Полска господинот Кшиштоф Гжелчик.

400625226 744585954377058 420656073502951915 n

Господинот Гжелник на функцијата амбасадор во нашата земја е официјано од мај 2023 година, со што посетата на битолската библиотека е на почетокот на неговиот мандат. За време на посетата, делегацијата на Р. Полска предводена од амбасадорот имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката, како и со тековните и веќе реализираните проекти, а се разговараше и за заедничка соработка.

399874901 744585831043737 5594650605789888269 n

На средбата се постигна меѓусебен договор во кој предвидено е реализирање на низа заеднички активности во наредниот период. Првично планирано е фондот на библиотеката да се збогати со книги од полски автори на полски јазик, како и книги преведени од полски на македонски јазик. Потоа планирано е опремување на катче со литература како дел од библиотеката.

Во текот на наредната година предвидени се уште неколку активности во делот на популаризација. Месец мај во Република Полска е посветен на популаризацијата на книгите и писателите. По тој повод, на оваа посета беа договорени обуки на библиотекари, културни манифестации и конференции во кој учество ќе земат познати полски писатели и библиотекари, како и размена на библиотекари од двете земји, со цел размена на искуства и пратење на моредните трендови од библиотечното работење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…