Викендов започна и заврши 7-миот Светски Шампионат на Светската Федерација за Боречки Вештини и спортови [ WFMA ] кој се одржа во периодот 24 –26.О5.2О24 година во Сер – Република Грција каде учество зеде со тим кој ја претставуваше Македонија која е еден од основачите преку официјалниот Претставник на WFMA за нашата земја – кик бокс мајсторот Дијана Неделковска.
Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА – НЕД – ДО” – “Златко Неделковски” од Битола на Светскиот Шампионат зеде учество со тим од 1О натпреварувачи кои збирно освоија 16 медали од кои 13 златни т.е. титули Светски шампион и 3 сребрени – втори места.
Имено во конкуренција од над 2.OOO натпреварувачи ова се успесите на нашите спортисти:
- Давид Јошевски [ 15 години во категорија до 62 килограми ] со освоени два златни медали во дисциплините: лоу кик и самоодбрана;
- Бобан Гарабиљевиќ [ 16 години во категорија до 65 килограми ] со oсвоен еден златен медал во лоу кик дисциплина;
- Илче Филкоски [ 19 години во категорија до 57 килограми ] со oсвоен еден златен медал во лоу кик дисциплина;
- Јована Јаневска [ 1О години во категорија до 28 килограми ] со освоени четири златни медали во дисциплините: лоу кик, кик лајт, поинт фајт и лајт контакт;
- Бојана Калешковска [ 12 години во категоријата до 32 килограми ] со освоени два златни медали во дисциплините: лоу кик и лајт контакт;
- Пенелопа Кочевска [ 18 години во категоријата над 18 години ] со oсвоени два златни медали во дисциплините самоодбрана и Kрав Mага;
- Јована Василевска [ 14 години во категоријата до 18 години ] со oсвоен еден златен медал во дисциплината самоодбрана;
- Александар Наумовски [ 30 години во категоријата до 77 килограми ] со oсвоен еден сребрен медал во дисциплината лоу кик;
- Димитар Бошевски [ 12 години во категоријата до 43 килограми ] со oсвоен еден сребрен медал во дисциплината лоу кик;
- Eва Ацковска [ 15 години во категоријата до 58 килограми ] со oсвоен еден сребрен медал во дисциплината, лоу кик.
Светската федерација за боречки вештини и спортови воедно ги награди со посебно признание Пехар за најдобри борци – учесници на Светскиот шампионат следните борци од “ЗА НЕД ДО”:
- Jована Јаневска
- Бобан Гарабилјевиќ
- Илче Филкоски
Неделковска за учеството за Читај бе само кратко истакна: “Иако бев скоро убедена дека импозантните успеси на мојот татко и мајстор Златко Неделковски веќе никогаш нема да и се повторат и на Битола и на Македонија за прв пат погрешив во сопствената проценка и оценка иако тимот самиот по себе најавуваше таква можност.
Во Сер како и пред секој натпревар без разлика дали е тоа клубски или Европско и Светско првенство секогаш заминуваме без очекувања. Наше е професионално и технички чисто да ги одработиме сите борби а на судиите е да оценат и процента.
Така со мал тим од 1О учесници се враќаме пресреќни со освоени 16 медали од кои 13 се светски титули а три се вице-шампионски а лично како тренер сум горда на посебното признание за борците кои беа прогласени за најдобри на шампионатот што е права реткост.
Со тоа нашата “традиција” продолжува и за брзо се вративме на врвот на светските боречки вештини и спортови каде што неприкосновено “владеме” веќе половина век.”