Во општинската лига во Битола се натпреваруваат 26 екипи. Поделени во две лиги Супер А лига и Супер Б лига.Оваа година екипата на Олд Бојс стана шампион во супер А лигата.Олд Бојс е градска Битолска екипа која постои од 2011 година составена од играчи кои претходно настапувале во македонското првенство како и локални деца кои негуваат огромна љубов за фудбалот.
Под палката на професорот Џими Геровски кој како “играч тренер” оваа сезона ги поведе бојсите до скор од 11 победи 6 нерешени и 5 порази .
Капитенот Тихомир Груевски го крена пехарот после победата во последното коло за огромна радост на сите присутни на стадионот во с.Поешево. Најдобар стрелец беше Петар Коруновски кој со постигнати 18 гола ги изрешети противничките екипи.Екипата на Олд Бојс се здоби и со право да оди ранг погоре- во југозападниот регион,но останува прашањето дали ќе се изнајдат финански средства за регион.