girl g827dc9462 1280

Една од најголемите лекции што треба да ја совладаме при нашата посветена работа на себе е дефинитивно онаа за хиперсензитивноста односно пречувствителноста, бидејќи ако навистина сакаме да тргнеме по патот кон сопствената среќа, првиот камен на кој не смееме да се сопнеме се другите луѓе и нивните добронамерни или злонамерни коментари.

Што и да ни каже некој, како совет или едноставно затоа што треба да го каже своето мислење, мора да научиме да не го земаме при срце и ништо да не сфаќаме премногу лично. Не е дека туѓото мислење не е важно, секако е убаво да се слушне, но не смее да влијае на вас и на вашата самодоверба.

Ако сте навистина пречувствителни и оваа особина ве чинела многу нерви, а уште повеќе храброст, ќе споделиме со вас неколку совети кои можеби ќе ви помогнат да станете посилни, но и ќе ви олеснат храбро да чекорите низ животот, без да гледате наназад, особено на она што навистина не ви е суштинско.

woman gdbb80dedb 640
meblo trejd kabanici

Едноставно не се работи за вас

Научете да слушате туѓи мислења, а не да ги прифаќате како своја вистина. Секој има право на свое мислење и може гласно да го искаже. Тоа не значи дека мислењето е насочено против вас, доколку е различно од вашето. Научете да слушате и да размислувате за начинот на размислување на другите луѓе, но не го сфаќајте тоа како личен напад, бидејќи тоа може само да ве повреди.

Воздржете го вашиот перфекционизам

Една од особините што влијае на вашата пречувствителност е секако перфекционизмот. Луѓето кои се склони кон совршенство тешко се справуваат со приговорите. Време е да научите дека никој не е совршен, во ред е да имате маани, а ако се уште не сте ги забележале вашите, сега е време да се запрашате зошто таквите забелешки толку многу влијаат на вас. Можеби затоа што се вистинити? Ова е вистинско време да работите на спознанието и прифаќањето на себеси.

woman g8933e8fa4 640

Променете ја вашата перспектива

Ако мислењето на саканите ве засега, не го сфаќајте како лична навреда. Обидете се да ја промените вашата перспектива, излезете од вашата субјективност и гледајте ја ситуацијата реално. Ќе бидете среќни кога ќе сфатите дека вашите најблиски имале добри намери, а освен тоа, можеби со менување на вашата перспектива конечно ќе разберете дека ништо не е црно или бело и дека сè во животот не е секогаш за и против вас.

Проценете ги вашите односи со блиските луѓе

Доколку меѓу вашите блиски има личност, од која постојано чувствувате вербални напади, размислете за вашата врска и преиспитајте ја. Понекогаш коментарите можеби немаат многу врска со вашата чувствителност. Можеби тоа е само токсична личност, која ти ја цица позитивната енергија како со сламка. Ако откриете дека станува збор за личност која ве исцрпува, намалете ја таа врска на минимум.

sad ga821f7e46 640

Научете нешто од конструктивната критика

Ако навистина имате вистински пријатели во животот, тие никогаш нема да ве критикуваат само така. Затоа, ако малку им верувате, обидете се да размислите за нивните зборови и да научите нешто од нив. Конструктивната критика е еден од најкорисните извори за поправање на сопствените грешки, но само ако знаете како да се справите со неа.

city g733e2b184 640

Работете на самосвеста

Кога вистински се познавате себеси, ќе можете да ги класифицирате коментарите на другите на вистинити и неточни, но нема да ги доживеете толку лично, бидејќи во тој момент ќе знаете кој сте. Не е едноставно, но е вредно, бидејќи ќе ве направи личност која се почитува и прифаќа и сака себеси, а тоа е драгоцено.

Запомнете дека единствената борба е со самите себе, а кога ќе се победите себеси, сите други противници можат само да ви станат сојузници во борбата за сопствената среќа.

meblo trejd raboti
Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…