За активностите, целите и реализираните проекти разговаравме со водителот на канцеларијата на ХЕПА за Западен Балкан во Скопје, Пеце Бранов.

Македонија, Косово и Унгарија, ХЕПА

Непрофитната агенција ХЕПА (Унгарска агенција за промоција на извозот) формирано под чадорот на Унгарското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, покрај седиштето во Унгарија, има шест регионални претставништва во светот, во Торонто, Токио, Шангај, Москва, Истанбул и Западен Балкан, со канцеларии во Белград, Скопје и Подгорица. Канцеларијата во Скопје е одговорна за Македонија и Косово.

Целта е да го промовира извозот и да бара можности за инвестиции и пласман на капиталот. Им помага на унгарските компании успешно да влезат на странските пазари, нудејќи производи и услуги со највисок квалитет, применувајќи светска класа на технологии и иновации во мноштво  индустриски гранки. Континуираниот раст на извозот покажува дека тие се конкурентни на глобално ниво. Преку обука и вмрежување, ХЕПА им помага на компаниите да најдат соодветни деловни партнери на пазарите во целиот свет. ХЕПА го промовира извозниот потенцијал на унгарските компании, а со тоа им олеснува на своите партнери понатамошен извозен успех на унгарските производи, како и видливост и градење на имиџот на земјата на меѓународно ниво. ХЕПА соработува со државните и приватните економски институции, комори и локални самоуправи.

Screenshot 15

Како работи претставништвото на ХЕПА во Скопје?

Кога во 2019 година беше отворено претставништвото на ХЕПА за Балканот, започна процесниот циклус на подигање на унгарската трговија на повисоко ниво и диверзификација на надворешните економски односи на Унгарија. Задачата е да се промовира извозот на унгарски производи, услуги и капитал. Дирекцијата на ХЕПА и канцелариите за Западен Балкан во Белград, Скопје и Подгорица се овластени од унгарската влада да наоѓаме потенцијални унгарски инвеститори и извозници. Тенденцијата е унгарските производи да бидат достапни и препознатливи во регионот, а протокот на информации го организираме преку мрежите на стопанските комори, единиците на локални самоуправи, како и со директен пристап кон потенцијални заинтересирани стопански субјекти.

Ние собираме информации за побарувачката на македонскиот и косовскиот пазар и истите ги проследуваме до унгарските компании кои се заинтересирани за соработка. Наша цел е билатерална соработка, вклучувајќи дистрибуција, пласман и евентуален реекспорт на производи, полупроизводи, инвестирање во заеднички вложувања, трансфер на знаење, соработка во областа на услужните дејности, туризмот и слични деловни области.

Screenshot 14

Кои се резултатите оваа година?

Посебно е интересно да се напомене, да од земјите членки на Европската Унија, освен со Германија, само со Унгарија имаме позитивен трговски биланс. Тоа пред се, се должи на комплементарноста на автомобилските индустрии во нашите две земји, односно најголем дел од македонскиот извоз се однесува на автомобилски делови изработени во слободните економски зони во Македонија, за автомобилите кои се изработуваат во фабриките во Унгарија. Обемот на трговската размена е во постојан пораст и тоа се должи и на активностите на канцеларијата на ХЕПА во Скопје. Успеваме да поврземе нови трговски партнери,  кои наоѓаат интерес во соработка, пред се во областа на прехранбената индустрија, за увоз на суровини, месо, но и компоненти за сточна храна, средства за заштита на растенијата, вештачки ѓубрива и други.

Претставници на канцелариите на ХЕПА учествуваа на Форумот за Западен Балкан во Будимпешта, каде што на панелот за обновливите извори на енергија и зелената транзиција 2030-2050 година, дадоа свој осврт за состојбите во земјите од својата надлежност на Западен Балкан. Учествувавме на отворањето на Земјоделскиот саем во Нови Сад (прв саем после Ковид кризата), каде земја во фокусот беше Унгарија. На жалост после трансформацијата на просторот на Скопскиот Саем во трговски центар и станбена населба, во Македонија нема посериозна саемска манифестација, за поздравување е Саемот на книгата и веќе традиционалниот Меѓународен саем на Органски и традиционални производи „Органска Трпеза” во чии рамки се одржа првиот Меѓународен саем за земјоделие, технологии и храна „AгроМак 2022” во Куманово, кои заедно со саемот за земјоделие „AгроКос 2022” во Приштина побудија голем интерес за учество и на Унгарски компании.

Што планирате во наредниот период?

Главната цел на канцелариите на ХЕПА за Западен Балкан е да ги приближи балканските земји до Унгарија преку трговија и инвестиции, со зголемен обем на трговска размена и зголемен извоз на услуги и инвестиции (гринфилд и браунфилд). Унгарија во континуитет и дава безрезервна поддршка на Македонија, и е меѓу првите земји од земјите членки на Европската Унија, која го призна Косово. Со Унгарија немаме отворени прашања, така да не постојат пречки за поголема соработка. Неопходна е поголема храброст и проактивност од двете страни. Се покажа дека личниот контакт помеѓу партнерите, сеуште е многу важен фактор во стекнување на доверба и реализирање на конкретни договори. Поддршка имаме и од Амбасадите на Унгарија во Скопје и Приштина, директно од Амбасадорите, како и назначените Трговски Аташеа во двете земји.

Континуирано работиме на истражување и лоцирање пазарни можности за соработка, идентификување на потенцијално заинтересирани партнери за соработка. Очекуваме и учество на Унгарски компании на инфраструктурни проекти во иднина.

Златна камера 300 за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“
Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа …
Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…