7

Иако постои само две години, фестивалот на алтернативна фотографија-Зрно, со својот сериозен пристап, голема посветеност и специфичното поле на работа-имено-благородните фотографски техники, до скоро-непознати кај нас и за оние кои се бават со фотографија, годинава, на второто издание направи сериозен исчекор во квантитетот и во квалитетот на содржините кои ги понуди на македонската публика и на меѓународна сцена. Активностите почнаа со две изложби во јуни, во Мала Станица-Скопје, Зрно претстави современи, модерни дела од сите седум континенти, испратени на отворен повик и жирирани од осумчлено меѓународно жири, а потоа, во КИЦ-Скопје, претстави две големи имиња на современата аналогна фотографија-најнаградуваниот шпански фотограф-Жосеф Мариа Рибас Прус од Барселона и Дамиан Диаконеску од Темишвар. Двете изложби, со ретко достижен квалитет кај нас, беа високо оценети од публиката.

11 1
meblo trejd alati

Потоа, во братска соработка со Арт Колонијата Де Ниро, во селото Цапари, битолско, од 10ти до 16ти јули, се одржаа работилниците за благородни фотографски процеси на второто издание на Зрно – фестивалот на алтернативна фотографија.

9 1

Претходно, како најава на фестивалските активности во битолскиот регион, на 8ми јули, во соработка со КИЦ-Битола, во две сали во Офицерскиот Дом-Битола се отвори изложбата на делата пристигнати на отворениот повик, како и избор на триесетина алтернативни фотографии од фото клубот Ирис, од Темишвар.  

Над триесет учесници буквално од цела Европа како и неколку студенти од кај нас, во Цапари, се одржаа следниве работилници:  

  • Работилница за мокар колодиум, под водство на Предраг Узелац, Академија за уметност, Нови Сад, отсек Фотографија
  • Работилница за креативни игри со полароиди под водство на Мартина Павлоска, Милано, Италија
  • Работилница за лумен принтови, под водство на Јелена Белиќ, Скопје
  • Работилница за Морденсаж техника, под водство на Сашо Алушевски, Скопје
  • Работилница за сендвич принтови, под водство на Стефан Стефановски, Нови Сад,
  • Работилница за класична аналогна фотографија под водство на Ивана Томановиќ, Академија за уметност, Нови Сад, отсек Фотографија
  • Работилница за цијанотипија, под водство на Дамиан Диаконеску, Темишвар, Романија

Со невидена енергија и ентузијазам учесниците работеа, соработуваа, комбинираа техники, твореа, готвеа заедно, споделуваа приказни, инспирирани од чистината на Пелистер, Цапари, од откритијата во за нив-новото културно опкружување. Во текот на сите седум дена, во стуктурираното и неструктурираното време, фотографијата беше честа тема на разговор. Се разменуваа совети, сознанија, увиди. На 12ти јули, во неформална атмосфера, беше прикажан и документарниот филм Transumanta – на Дамиан Диаконеску, гостин ментор на работилниците.  Целта на овогодинешното издание беше да се подигне квалитетот на делата кои ќе настануваат на работилниците, и фестивалот да поттикне соработка на европско ниво, што во секој поглед беше постигнато- најголемиот дел од учесниците беа буквално од ширум Европа, од Осло до Атина. И секако, уживањето, во споделувањето на страста кон благородните фотографски процеси.


Водени од мотивот да се направат врски меѓу локалната заедница и учесниците на Зрно, на 14ти јули беше организиран отворен ден, каде сите заинтересирани можеа да ги посетат работилниците и да погледнат како се работи на секоја специфична техника, да се обидат и самите да креираат нешто со помош на упатените учесници или ментори на работилниците. Тој ден гостите се запознаа со Битола, нејзините клучни знаменитости, особено нејзиното фотографско наследство кое им остави силен впечаток. Вечерта, повторно во соработка со КИЦ-Битола, во Киното Манаки, беше прикажан филмот Манаки, приказна во слики, на авторот Роберт Јанкулоски, кој потоа одржа предавање за старата македонска фотографија. На крај, гостин од Атина, Грција, Тасос Пападопулос, одржа кратка презентација на тоа како се гледало и како се гледа на браќата Манаки во грчкото општество. Влезот за проекцијата и предавањата беше бесплатен и истите беа посетени и од битолската публика.

8 1

Фестивалските активности на Зрно 2023 завршуваат со изложба на фотографии настанати на работилниците во Цапари и издавање на каталог.  

meblo trejd kosilka na barerii
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…