viber image 2024 08 06 13 01 56 745

Во организација на Православниот мисионерски центар Св.Нектариј Битолски од Битола, и со благослов на владиката Петар, се организираше вториот Летен образовен камп во хотел Lake View на Преспанското езеро.

viber image 2024 08 06 12 55 15 691

На кампот имаше 40 деца, од кои 20 деца беа од социјално загрозени семејства и за нив беше бесплатно. Во програмата на активностите имаше часови по веронаука, по Православно византиско пеење, по Православен иконопис, по руски јазик и нормално многу игри, капење и забава.

viber image 2024 08 06 13 01 57 360

„Кампот го започнавме со Света Божествена Литургија во црквата Пресвета Богородица од Битола, а потоа ги посетивме нашите постари и немоќни дедовци и баби од Старскиот Дом Сју Рајдер од Битола, а потоа и до манастирот Св.Ана во с.Маловиште.

Три дена бевме на Охридско езеро, во посета на црквите Св.Климент на Плаошник, Св.Јован Канео, Св.Софија, Св.Наум Охридски… и се разбира на капење… Главната цел на овој проект е децата да се социјализираат, да се запознаат со Моралниот вредносен систем на нашата Православна вера, со Евангелската радост на животот, да го зголемат духовниот имунитет и волевите сили за да бидат подобри, посилни, порадосни и поодговорни личности во сите премрежја и искушенија во нивниот живот. Да бидат радост и утеха на родителите, на својот народ и прави, достојни чеда на Господа. Главни донатори беа благочетиво семејство од Швајцарија кои и сами учествуваа, Томе и Константина Таневски и ќерката Агнија“, изјави Драги Атанасовски.

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…