Од 12 до 14 август во Охрид и Битола ќе се одржи 24-то издание на Интернационалниот музички фестивал Musicland. Овој фестивал од самиот почеток носи огромен број учесници од целиот свет, кои уживаат во убавините на Македонија. Некои од нив повторно се враќаат воодушевени и од самата организација на фестивалот, вели директорот на фестивалот, Тони Алексовски.
Натпреварувачкиот дел од фестивалот се одржува во Охрид, додека најдобрите интернационални натпреварувачи ќе настапат на гала концертот во Битола кој ќе се одржи на 14 август во Центарот за култура Битола со почеток од 19 часот.
Камерниот Оркестар на Битола веќе неколку години со ред е дел од Интернационалниот фестивал MusicLand. Така ќе биде и оваа година, на Гала вечерта ќе настапат изведувачи од 17 земји заедно со оркестарот и ќе ги изведат најдобрите песни од музика, филм, кабаре и мјузикл, и поп песни.
Годинава Гала концертот ќе има и Live Stream на каналот на MUSICLAND OFFICIAL наменет за оние кои ќе сакаат да го проследат овој музички спектакл.
Билетите за настанот се пуштени во продажба на следниот линк https://www.yournextevent.info/event.php?id=50 по цена од 400 денари.