Вчера, 19.09.2022 во Битола започна првото издание на Фестивалот „Вдиши светлина“. Овој фестивал претходните две недели се одржуваше по пет дена во Штип и во Скопје. А вчеравечер се одржа и на домашна територија во утробата на градот во НУ Центарот за култура во Битола. Темелите на овој фестивал се основани на ликовната и музичката уметност.

фестивал 5

Во сржта на овој фестивал е за да поддржи и поттикне млади македонски уметници, да им даде до знаење дека и Македонија ги сака и подржува во остварување на нивните соништа и потенцијали.

фестивал 3

 -Како главната цел која се проткајува во уметничките дела кои се презентирани е пренесување на визијата или поконкретно на секој поединец му ја пружиме можноста да биди вклучен, или да биди пред времето. Со тоа му овозможуваме на секој гостин враќање кон основните вредности за подобро себеспознавање. Додека пак, како споредна цел на овој фестивал е поттикнување на свежа перспектива со цел откривање на внатрешните потенцијали и создавање на нови искуства кај секој посетител после оваа глобална ситуација со пандемијата и нејзините предизвици, би сакале со оваа прилика да ја изразиме нашата благодарност за подршка од Министерството за култура во Скопје и НУ Центарот за култура во Битола, велат организаторите.

фестивал

На вчерашното отворање можеа да се проследат две ликовни изложби на Татјана Јовановска со ликовна изложба „Свест” и на Мартин Буровски со ликовна изложба “Вредност”.

фестивал 2

Овие изложби ќе бидат отворени до 23.09(петок) од 10ч до 19ч секој ден. Во рамките на овој фестивал на 21.09(среда) од 18ч до 19ч, ќе има Дебата на тема: „Дали уметноста е повеќе од чиста естетика”.

Со цел да се воочи перспективата дека уметноста нема само линиски карактер на следење на пораката/приказната од делото(сликата/музичката композиција), него во неа има елементи, бои, звукови  и мелодии кои се семантичко преточени во целината на самото дело и на тој начин се развива квантна комуникација со реципиентот и самото дело. Исто така во склоп на овој фестивал на 22.09(четврток) ќе се одржи и Музичкиот дел од фестивалот од 19ч до 12ч на  полноќ, каде што ќе настапуваат диџеи од Битола(Tevidma, VRANS, Selprohal).

Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…