Во Корча е реализиран проект „Билатерална соработка на библиотекари и презентација на библиотечни програми во услови на пандемија (Ковид-19)- искуства на македонски и албански библиотекари во Корча“ каде што беа разменети искуства од областа на библиотечното работење.

307687602 10160352682148679 5762731728182403648 n

Координатор на проектот и предавач м-р Јелена Петровска со презентација насловена како „The impact of the Libraries in the time of Covid” (Активности на библиотеките во времето на Ковид) зборуваше за можности за реализација и работа на библиотеките во сложени услови поврзани со пандемија.

Со другиот дел на презентацијата беа претставени најуспешните и иновативните проекти кои библиотеката ги има реализирано како во државата, така и во меѓународната соработка. На покана на координаторот на средбата активно учество зедоа библиотекарите од Библиотека од Гостивар, како и библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ кои работат на проекти и во библиотечната дејност.

Се покажа дека е можна дисеминација на проекти и знаења, но уште поважно дека проектите можат да бидат во функција за градење на ефикасниот тим во остварувањето на библиотечните активности.


На Средбата беа присутни и претставници на Универзитетот од Корча кои најавија интерес за соработка со нашиот Универзитет, а целиот настан беше проследен од присутните медиуми и новинари кои имаа повеќе прашања за функционирање на библиотеките во Македонија.

307701855 10160352684528679 2230062804051595038 n


Во Корча е потпишан Меморандум за соработка во областа на библиотечната дејност.

    Битолски каратисти одат на Балканско
    На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
    Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
    Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…