Вечерва верници се собраа на плоштадот „Магнолија“ во Битола и ја прославија одлуката на Вселенската Патријаршија да ја признае црковната јерархија предводена од Архиепископот г. Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

„Нашата црква беше досега во 70-годишна изолација, со овој чин престанува да биде така, Вселенскиот патријарх ни овозможи да бидеме во канонско единство со останатите православни цркви“ рече Христијан Василевски.

slika 02
slika 1

Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот г. Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, меѓу другото, се вели:

„Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:

Ја прима во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт…

Вселенската патријаршија продолжува да се интересира за растењето, напредокот и благосостојбата на оваа црковна целина на Охрид, како што и правела низ вековите за сите помесни православни цркви, како „сместувалиште љубовта, извор на благочестието на Родот на Православните Христијани“ (митрополит на Драма Павле)“.

По повеќедецениската меѓународна изолација и непризнавање на нашата црква од православниот свет, во април 2018 година нашиот Свет Синод едногласно испрати молба за апелација до Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, која единствена на сеправославно ниво има историски и канонски права и привилегии да прифаќа апелација и да доделува автокефалност. Молбата од Синодот на Охридската Архиепископија веднаш беше земена предвид и според јавното соопштение од мај истата година Вселенската Патријаршија, Мајка Црква на сите православни „одлучи да се заземе за ова (т.е. за решавање на канонското прашање на нашата Црква) и да ги преземе потребните чекори, според неприкосновените права на историските и канонски надлежности и привилегии на првопрестолната Вселенска Патријаршија“. Оттогаш и нашиот државен врв упати неколку писма и молби до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за уважување на молбата за апелација. Денеска, откако уште еднаш биле разгледани сите црковно-правни елементи, Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј и неговиот Синод ја уважија молбата на нашата Црква и ја донесоа конечната одлука.

Оваа одлука не значи томос за автокефалност со кој официјално се регулира меѓународното име и статус на нашата црква, туку е израз на татковска љубов и грижа од страна на Вселенската Патријаршија и претставува објава дека повеќе не сме во шизма и раскол со севкупната православната Црква и нашите свештенослужители можат да сослужуваат со свештенослужители од другите помесни православни цркви. За утврдување на конечниот статус ќе следуваат дополнителни преговори.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Работилница на тимот на Читај бе за новинарската професија сo учениците од ОУ „Даме Груев“ Битола

Како дел од проектот „ТВОРИЛНИЦА“, во ОУ „Даме Груев“ Битола се одржа…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…