strelastvo naslovna

Во стреланата во Битола се одржа Државно првенство во стрелање со воздушно оружје – пушка и пиштол на 10 метри, во категорија на мажи и жени. Се натпреваруваа 12 клубови и околу 100 стрелци во сите дисциплини и категории.

strelastvo 15

„Може да кажеме дека до пред 3-4 години бројот на натпреварувачи беше на половина, околу 45-50 натпреварувачи, што значи дека за 100% сме се подобриле. Во тоа придонесува помошта од федерацијата со нови оружја, нова опрема и ги субвенциониравме клубовите кога набавуваа оружја, па потоа добија и донирани пушки, пиштоли, опрема и дијаболи и сето тоа вроди со плод. Многу млади стрелци има и резултатите се покачуваат, доаѓаат на некое солидно ниво. Има и репрезентативци, оттука сега се спремаме на европското првенство да учествуваме од 7 до 12 март во Естонија, каде ќе учествуваат Мартин Ангелевски – пушка, Анастасија Мојсовска – пушка и Борјан Бранковски со пиштол, кој беше и на Олимписките игри во Токио“, изјави за Читај бе, Јордан Тасевски, претседател на Македонската спортска стрелачка федерација.

strelastvo 14
Јордан Тасевски – претседател на Македонската спортска стрелачка федерација

Тасевски потенцира дека на овој начин се подигна квалитетот, клубовите се задоволни затоа што имаат услови за работиа, а помага и генцијата за млади и спорт.

„Во овој дел ни значи и ваучерскиот систем, ваучерите се користат за основните потреби, за трошоци на клубовите. Исто така и дисциплината трап со летечки глинени гулаби ја вративме во форма овие 3-4 години, која беше занемарена 15 години, и во таа дисциплина минатата година на светското првенство  освоивме минимална б олимписка норма“, потенцираше Тасевски.

Тој рче и дека условите во битолската стрелана моментално се најсофистицирани, затоа што минатата година инсталираа електронски мети на горниот кат, а на такви идентични електронски мети се пука и на европските и светските првенства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…