Пикасо 2

По повод 140 години од раѓањето и 50 години од смртта на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија организира серија на изложби посветени на големиот шпански уметник Пабло Пикасо. По големиот успех во 2016 година на изложбата „Пикасо можеби јас“ на македонскиот уметник Филип Фидановски во Скопје, овој пат, изложбата ќе имаат можност да ја погледнат граѓаните на Битола. Изложбата ќе биде отворена утре, 3 март во 19 часот во Завод и музеј Битола.

покана

Со серијата изложби кои се во организација на Амбасадата се оддава достојна почит на уметникот кој остави голем број на дела на целиот свет. Пикасо како основач на кубизмот, кој со својата уметност е непресушна инспирација и предизвик за многу светски познати уметници. Така и македонскиот уметник Филип Фидановски се вбројува во таа листа на уметници.

Амбасадата на Кралството Шпанија покрај промоцијата на шпанските уметници успешно соработува и подржува многу македонски уметници кои го негуваат шпанскиот уметнички дух.

Пикасо 1

На изложбата „Пикасо Можеби јас“, ќе бидат покажани 10 скулптури  (портрети) изработени во керамика, инспирирани од делата на Пабло Пикасо. На оваа изложба покрај скулптурите во форма на легенди на делата, ќе бидат претставени и  репродукции на оргиналните дела на Пикасо, од каде Фидановски и ја црпи инспирацијата за неговите дела.  

jk travel leto antalija 2023
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…