Денеска во Битола се одбележа 11 Мај – Ден на културата во сообракајот на која присуствуваа претседателката на Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќајот, полициски службеници  од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола, полициски службеници  од Отсекот од за превенција при СВР Битола, ученици од сообраќајната единица од средното општинско училиште „Таки Даскалот” од Битола, како и студенти од Техничкиот факултет.

На несовесните пешаци им беа поделени флаери под мотото „И јас и ти и сите сме пешаци – Безбедноста на прво место“ со совети како правилно да поминат на пешачки премин и да се однесуваат во сообраќајот, а додека на совесните пешаци им беа поделени подароци.

11 maj 1

Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран  настан  во чест на  подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како „ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“.

Сообраќајната култура  претставува  начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на  движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока  на исполнување на општите и заеднички  интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на  сообраќајот.11 maj 2022Сообраќајната култура, етиката, толеранцијата во сообраќајот, сè уште не се на задоволително ниво. Согласно тоа, целта на РСБСП е да се изгради еден систем на општествени вредности во кој безбедноста во сообраќајот, културата и етиката во сообраќајот, ќе заземат соодветно и значајно  место.

Човечкиот фактор е еден од клучните елементи кои влијаат на нивото на безбедност во сообраќајот. Тука пред сè се мисли на сфаќањата и однесувањето на учесниците во сообраќајот, нивната перцепција за ризикот во сообраќајот, одговорното однесување, совесноста, ставот на учесниците во сообраќајот кон значењето на безбедноста во сообраќајот воопшто и сл.

Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен и тежок, па затоа РСБСП посебно внимание посветува на најмладите со цел уште од мали нозе да се изгради едно повисоко ниво на култура и етика во сообраќајот. Неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи, а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот.

 Семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на децата. Односот на родителот во сообраќајот, без разлика дали е во улога на пешак или возач на возило во кое се вози и детето, како и почитувањето на сообраќајните правила од страна на возрасните, има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќајот.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…