На Правниот факултет Битола денеска се одржа меѓународен хибриден научен и стручен собир посветен на „Третманот на осудените лица: Како до успешна ресоцијализација низ искуството на различни пенитенцијарни системи“.

правен

Во онлајн обраќање, министерот за правда Никола Тупанчески истакна дека наставниот предмет Пенологија треба да биде застапен како посебен наставен предмет на Правните факултет во земјава и тоа позитивно ќе влијае врз подобрување на пенитенцијарниот систем.

– Клучни проблеми со кои се соочува пенитенцијарниот систем се пренатрупаност или пренаселеност на казнено-поправните установи, несоодветна кадровска екипираност, проблемот на ранливи категории на затвореници, несоодветни услови во казнено-поправните установи, несоодветна здравствена заштита на затворениците, несоодветен третман на затворениците во насока на остварување на процесот на ресоцијализација, корупција и лош однос на затворскиот персонал….тоа се дел од генералните забелешки кои се констатирани од меѓународниот фактор, рече Тупанчески.

Според него, нужна е потребата за обезбедување човечки ресурси и техничко материјално предуслови за непречено функционирање на казнено поправните установи во земјава, а со цел да се остварат правата на лицата лишени од слобода.

правен 4 min

На собирот учествуваа истакнати универзитетски професори од САД, Финска, Естонија и соседна Србија кои споделија свои искуства.

правен 5 min

Експертите велат дека со ресоцијализацијата на осудениците се рушат и стереотипите кои постојат кај нас за овие лица.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…