crvrn krst naslovna

80 години хумана работа, подавање рака и помош секаде каде што е најпотребно – сето тоа одбележано под мотото „Ние гледаме луѓе“.

Овогодишниот јубилеј – 2025 година – ја одбележува 80-годишнината од основањето на Црвениот крст на Македонија. Во изминатите осум децении, Црвениот крст на Македонија постигна значителен напредок во обезбедувањето хуманитарна помош и поддршка за граѓаните на нашата земја и пошироко.

Осврнувајќи се наназад на богатата историја и поддршката што ја обезбедивме за многу луѓе, свесни сме дека нашите постигнувања не би биле можни без несебичната помош од локалните заедници, институции и поединци кои секогаш беа тука кога беше најпотребно.

Општинската организација на Црвен крст – Битола го одбележа овој јубилеј со посебен акцент на соработката со локалната самоуправа, како и со општините Битола, Могила и Новаци, кои се значајни партнери во реализацијата на бројни активности и проекти. Во знак на благодарност, на градоначалниците им беа доделени јубилејни признанија.

Настанот беше проследен со музички изведби од волонтерите на Клубот на млади, како и со осврт кон работата на организацијата во изминатиот период.

фото: Маја Богоевска

Смеата е најевтиниот лек
Смејте се и ќе се чувствувате добро. Направете ги другите да се …
Психологот Михаил Лабковски: Како се формира ниската самодоверба?
Психологот Михаил Лабковски за формирање на самопочитта кај децата: „Детето нема самодоверба, …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…