Овој викенд Битола ќе биде домаќин на меѓународниот натпревар во планиско трчање во организација на „Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ на кое учество ќе земат повеќе од 250 натпреварувачи од дваесет земји кои ќе настапат на три трки: 104 километри (21 натпреварувач), 47 километри (46 натпреварувачи) и 20 километри (180 натпреварувачи).

PUTM 0

Меѓу натпреварувачите ќе настапат и најдобрите македонски тркачи, меѓу нив и младиот битолчанецот Мартин Митревски.

PUTM 2

„Трката ми е голем предизвик, а посебно висинската разлика. Тренирам две и пол години на Пелистер и ми е чест и задоволство да трчам во мојот град. За мене ќе биде голем предизвик да ја истрчам патеката, како новајлија во овој спорт. Ме интригира ноќното трчање кон Неолица, од каде има одличен поглед на Битола и Пелагонија, рече Мартин.

PUTM
Мартин Митревски  

Дел од трката ќе биде и Елдин Хоџиќ, првак на Хрватска во ултра-маратон.

„Сакам да му се заблагодарам на Ненад и екипата која го организира овој настан. Очекувам тешка трка на 104 километри на над 6.000 метри висинска разлика. Оваа трка е сигурно во топ-светските трки, што е респектабилно за организаторите и за тркачите. Мислам дека ќе ја оправдам поканата“, рече Хоџиќ. 

PUTM 6
Елдин Хоџиќ

Директорот на трката, Ненад Лазич истакна дека уште од минатата година започнаа подготовките за овој уникатен настан, кој не се одржа минатата година поради ковид пандемијата и пожарите.

„Годинава сме подготвени до перфекција. Ова ќе биде настан кој ќе ја собере тркачката популација од цела државата. Ова го правиме и заради тоа тркачите да не патуваат во странство да се натпреваруваат, туку да имаат таква опција на Пелистер, во Битола, на трка која е беспекорно организирана. Оваа трка ќе биде на лидер на Балканот, со патека која ќе биде безбедна за сите. Ќе има тркачи од дваесет земји, што е големо изненадување и признание за нас како организатори.  Патеката е одлично подготвена, посебно за ноќно трчање, што е посебен ризик и бара многу подготовка“, рече тој. 

PUTM 4
Ненад Лазиќ

Организациониот директор на трката, Зоран Алексовски рече дека се очекуваат гилем број посетители.

„Одамна ги завршивме подготовките за мапирање и чистење на патеката, сега веќе е завршено и пријавувањето за трите трки За сите натпреварувачи обезбедени се суплементи, храна, пијалоци… Сите технички потреби се веќе поставени, а трката ќе ја опслужуваат преку сто волонтери. Тие ќе бидат координирани од Петар Нолев и неговата екипа. Очекуваме и голем број на посетители, на стартот, долж патеките и на целта“, рече Алексовски.

PUTM 3
Зоран Алексовски 

„Организацијата на ваква трка е комплексна работа. Ние како тим минатите две години бевме на повеќе трки нив Балканот и Европа. Се подготвувавме и направивме трка со висинска разлика од 6.300 метри, најтешка трка на Балканот, со врвни тркачи. Исчистени се повеќе планинарски патеки кои ќе ги користат сите планинари, во вкупна должина од 60-тина километри. Маркацијата е со еко-спрејови, кои ќе исчезнат по определено време. Верувам дека макотрпната работа од шест месеци ќе се исплати и ќе ги добиеме највисоките оценки за трката, истакна Златко Димитровски, технички директор на трката.

PUTM 5
Златко Димитровски
PUTM 0 5
meblo trejd -dusek

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…