24-годишниот Мартин Митрески со одлични резултати се врати од Белград каде учествуваше на маратонот организиран од здружението Маратон Маратона. Тој заврши како четврт, и покрај тоа што трката се одвиваше во тешки временски услови, ноќе и на ниски температури.

278224014 5032869346749874 1031605305553420379 n
278121096 296237636027596 3150558523608889459 n

Инаку Мартин е роден во Прилеп, но веќе 16 години е преселен и живее во Битола. Со спорт се занимава уште од мали нозе.

278099110 952507388747633 965598994720547147 n

„Започнав со тренирање фудбал во школата Пелистер и уште од тогаш ми се јави љубов кон атлетиката и трчањето. Бидејќи од секогаш сум сакал предизвици на првиот маратон се пријавив самоиницијативно кој се одржа на Планината Баба како вид планинарски полумаратон од 18 километри кој беше организиран од планинарското друштво Димитар Илиевски Мурато во Август 2020 година.Ми беше еден голем предизвик да истрчам 18 километри кој ми изгледаше нешто невозможно за мене во тој период. По успешното завршување на овај полумаратон решив дека сакам се повеќе да се надминувам себе си и почнав со активно пријавување на повеќето полу маратони, маратони и ултра маратони“, вели Мартин за Читај бе.

278080873 1122170065386248 2536275455281014632 n

Тој досега има учествувано на повеќе од 20 манифестации, а кулминацијата е токму последната трка во Белград на Ада Циганлија организирана од Српското здружение Маратон Маратона која се одржа на 10 Април 2022 година.

„На оваа трка имаше учесници од Романија, Хрватска, Србија,Тунис и јас како единствен тркач од Македонија. Целта на ова трка беше активно трчање 12 сати кое започна во 17 часот и траеше до раните утрински часови односно до 05 часот. Трката ја завршив на четврто место со истрчани 94км и 683м. Трката беше доста исцрпувачка поради временските услови и ладното време кое падна до 1 степен, но мојата желба и волја да ја завршам трката беше поголема од сите пречки и потешкотии што ми излегоја во текот на трката. Најбитното за да се истрча еден ваков маратон е желбата, љубовта и физичката подготвеност. Мојата наредна цел е ултра “trail” маратонот на Пелистер 104км“, рече Мартин.

278097674 669274284296448 1011008156071164656 n

Читај бе му посакува на Мартин уште многу учества на трки, полумаратони, маратони и ултрамаратони, се разбира закитени со медали.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

Работилница на тимот на Читај бе за новинарската професија сo учениците од ОУ „Даме Груев“ Битола

Како дел од проектот „ТВОРИЛНИЦА“, во ОУ „Даме Груев“ Битола се одржа…