Утревечер во Народниот театар Битола со почеток од 20 часот ќе се одржи вечер со Импров група „Настап“, театарски игри во форма на забавно шоу.

Игрите ги играат:

Григор Јовановски
Сергеј Димовски
Ангела Стојановска
Наталија Теодосиева
Водител: Борјан Стојков

Импров групата “НАСТАП” се бави со играње на театарски игри на импровизација во форма на забавно шоу.

Импровизацискиот театар е чин на уметничко изразување во облик на непосреден, но комплексно структуиран јавен настап; обврзан да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

Импровизацијата и непосредната креација отсекогаш биле основен дел од креативниот процес. Постојат вежби и „игри“, кои ја освестуваат и развиваат способноста на изведувачот да се адаптира на секој нов проблем и секогаш да дејствува од релаксирана но активна позиција. Заснован на овие вежби за импровизација, адаптирани да се играат пред публика, импров театарот ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на сцените кои актерите ќе ги одиграат за прв пат.

Во 1988 год. во Велика Британија се појавува импров радио програма насловена „Whose line is it anyway?”. Поради популарноста уште истата година, таа радио програма се преиначува во телевизиска и останува на „BBC” сè до 1999 год, кога американското студио “ABC” го купува шоуто и тоа сèуште се емитува во Америка. Со текот на времето насекаде низ светот се формираат вакви групи и се организираат импров фестивали и натпревари од национален и интернационален карактер.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    10. издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА во Старата битолска чаршија

    Во Старата битолска чаршија, синоќа се одржа јубилејното 10-то издание на Фестивалот…