sekspir vecer

Делата на Вилијам Шекспир се дел од битолската култура, особено драмските изведби.

Шекспир е особено важен за современата европска цивилизација, бидејќи преку неговите драмски текстови, сфаќаме дека уметноста е жива дејност, преку која се оставарува духовниот профил на светот.

sekspir vecer2

Сонетите на Шекспир се повторно разоткривање на дамарите на постоењето.

Според него, целиот свет е сцена.

Во Битола, Шекспир не доаѓа еднаш годишно. Некој го носи со себе цел живот.

Постојат личности што не прават само настани.

Туку создаваат навика. Лилјана Спировска е таква личност.

Од 1998 наваму, таа го враќа Вилијам Шекспир таму каде што најмногу припаѓа – меѓу луѓето. Како жив текст.

sekspir vecer1

Гимназијалците од „Јосип Броз Тито” што говорат на неговиот јазик. Овие младинци тек го учат животот низ сонетите што звучат како да се напишани вчера – затоа што искажани се големи вистини кои годат како стрели. Под менторство на нивната професорка по Англиски јазик – Ирена Димовска – Митревска и оваа година прозвучија старите вистини за светот во нова неповторлива изведба, како што и сугерира драмската постановка

И секоја година, истото прашање:

Зошто Шекспир?

Можеби затоа што, како што кажал Хорхе Луис Борхес, никој не успеал да создаде толку луѓе во еден свет. Освен Бог.

Грубоста е знак на слабост и несигурност
Да се ​​биде груб со некого е лесно. За ова не е …
6 награди за ДЛС „Св. Кирил и Методиј“ од Европската асоцијација за астрономско образование – Битола, злато за Ана Полизовска
Европската асоцијација за астрономско образование European Association for Astronomy Education (EAAE), во …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…