јунак

Битолските боксери на 20 и 21мај настапија на три натпревари; Ален Рустемовски настапи на регионалната бокс лига која се одржа во Сомбор во Србија. На овој меч Ален забележа убедлива победа против боксерот Ален Рахимиќ на Славија од Бања Лука кого го совлада 5:0.
Адријан и Ружди Рустемовски настапија на Меѓународниот турнир Лах Нимани во Косово.
Ружди Рустемовски имаше две борби во полуфинале и финале и во двете борби ги совлада двата домашни боксери и се закити со златен медал и беше прогласен за најдобар интернационалец Боксер.
Адријан Рустемовски загуби во финале кој на овој турнир прикажа многу добра борба со што и беа прогласени за најборбен пар на турнирот.

Додека на 28 мај на Меѓународниот Турнир Арена Куп кој се одржа во Скопје браќата Рустемовски се покажаја во најдобро светло, Ружди Рустемовски победи со Класичен Нокаут во првата рунда. На овај турнир Ружди Рустемовски беше прогласен за најдобар Македонски боксер.
Адријан Рустемовски го освои сребрениот медал на второто место. Адријан Рустемовски не се бореше во својата категорија до 54кг бидејќи немаше противник па така избоксова со боксер од категоријата до 60кг на кој многу добро се покажа.

Наш следен турнир е Меѓународниот турнир Мирослав Петровиќ кој ќе се одржи во Куманово а учество ќе заземат повеќе Европски земји.

23
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…