После одлуката со која можно е да згасне Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола и Малиот битолски монмартр, продолжува апелот за спас и за донации.
На платото пред Национална детска ликовна галерија „Монмартр” учениците ќе сликаат, утре, понеделник и среда (29 и 31 август 2О22), за поддршка, но и донации за детското ликовно студио.
Голем број локали изразиле исто така подготвеност за поставување кутии за донации. Донации може да се реализираат и на отворените сметки, но и во ликовното студио каде е сместена галеријата.
„55 години Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е најстарото детско ликовно студио во Европа и 41 годишната светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” која е најстарата на светот. Се затвора детското ликовно студио кое по покана на Меѓународниот Олимписки Комитет било интегрален дел од четири Олимписки игри. Се затвора детско ликовно студио кое три пати (Битола – Скопје и Белград) е запишано во Гинисовата книга на рекорди како најобемно по бројот на детски ликовни дела.
Мисијата на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола е во основа едукативна. На годишно ниво во текот на една учебна година ликовно и бесплатно се едуцираат помеѓу 40 до 80 млади ликовни таленти. Нивните дела учествуаат на над 20 светски конкурси и 10 светски детски светски ликовни колониии од кои 6 призлегле како сегмент од “Малиот Битолски Монмартр”. Тоа се над 3.000 ученици низ 55 години од кои огромен дел денес се емиентни професори по уметност и ликовни уметници“, велат од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ и најавуваат дека мисијата за спас продолжува.
Повеќе од нивното соопштение: