Штотуку беа објавени резултатите од 24-тиот светски детски ликовен конкурс „Евора” – Португалија на кој учениците на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола освоија огромни награди и признанија со што го надминаа минатогодишниот рекорден успех.

monm 2

„Минатата година имавме еден златен медал и пет сребрени или едно прво место и пет втори по категории кои ги генерира организаторот. Оваа година темата беше “Пајки – гуски и лебеди” и поприлично се работеше во полежерна форма како ние минатата година зедовме учество и на 23-тата светска детска ликовна колонија “Евора” која е под покровителство на УНЕСКО и нашите 2 ученички Леа Стерјев и Ана Полизовска во конкуренција од 5О учесници од 15 земји ги освоија 2-рото и 3-тото место од 8 колониски денови што за нас пак беше огромно признание.

Оваа година квалитетот е веќе видлив во наградите. Имаме три златни медали т.е. први места во соодветните категории и тоа на нашите ученици: Филип Недановски [ 14 ] – Марија Јанкуловска [ 15 ] и Ромина Ресановиќ [ 13 ] на што сме особено горди.

Воедно имаме 2 втори места и тоа: Ана Полизовска [ 14 ] и Сирма Спиркоска [ 15 ] што е потврда на квалитетот од минатите години.

Почесна награда за посебен индивидуален пристап во својот ликовен развој доби нашата ученичка Леа Стерјев [ 14 ] која минатата година го освои второто место на колонијата а Почесни признанија за посебен уметнички израз добија: Андреа Јаневски [ 9 ] – Давид Атанасовски [ 7 ] – Маргарита Велјановска [ 13 ] и Софија Христовска [ 8 ].

И ова е само показател дека ние како Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола и во кризни времиња за нас како 55 годишна организација непрекинато и единствени гордо ја претставуваме и Битола и Македонија насекаде во светот и тоа на највисоко ниво. И тоа е факт.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – Претседател на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола

monm 4

24-тата светска детска ликовна колонија “Евора” – Португалија која е втора по старост по Малиот Битолски Монмартр кој оваа година го прослави своето 42 издание ќе се одржи во периодот од 1-ви до 9-ти Октомври 2О23 година.

“Ништо што ние не го очекувавме. Напротив. Ова е само потврда на работата која ДЛС во континуитет ја реализира и иако скептично се гледаше во физичкото отсуство на нашиот основач – светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски ние не отстапивме ни милиметар од неговите постулати – дотолку штом можам слободно да констатирам дека неговата ќерка која е наш актуелен претседател со 28 годишно искуство во организацијата од ден во ден и го издигнува квалитетот во светски рамки.

Дома? Дома е старата добра приказна “аман пак овие” на која навикнавме но решивме да не премолчиме. Во МОН очигледно веќе имаат проблеми самите со себе но ние само ќе повториме дека со нашето законско правно не сме завршиле и нивната “епизодна” улога ќе мора да има и правна завршница.

Воедно за нула денари поддршка од Министерството за култура за огромниот успех во 2О22 година во Евора поднесовме Жалба. Истата беше прифатена како Основана од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на Македонија.

Министерството за култура потоа ја донесе истата одлука дека нула денари се нула денари на што ние повторно поднесовме Жалба и чекаме второ Решение од Државната комисија. Поприлично слепилото не фрли во бирократијата но барем системот работи и кажува дека резултатите не смеат да ни се подложни на слепило.

Ние во Евора ќе патуваме.

Во кој формат ќе реши организацијата. Остануваме на ставот дека секое дете – секој наш ученик кој освоил висока награда или признание или е поканет за учествува на детска ликовна колонија – мора да е таму по секоја цена. Ако пак таа повредува нечија суета сериозно ставаме до знаење дека ние не сме лекари.

Во Евора ќе бидат гордо претставени ДЛС – Битола и Македонија по 24 пат и срамот за негрижата не е наш.

Она што воедно ќе се случи во Евора е и состанок со локалната самоуправа како и министерството за култура и министерството за образование и наука но и министерството за млади и спорт на Португалија затоа што токму Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола им носи голема вест од Европската комисија и УНЕСКО.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на Управниот одбор на ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.

monm 5

На овогодинешниот конкурс на Евора учествуваа над 35 земји кои генерираа фонд од над 1О.ООО детски ликовни дела а трите најпрестижни награди за најдобри школи заминаа за Хонг Конг [ Кина ] – Лисабон [ Португалија ] и Трабзон [ Турција ] соопшти Теодолинда Паскоал – Претседател на организацијата која воедно беше и Претседател на Жири комисијата на 42 издание на Малиот Битолски Монмартр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…