355509520 277451144771803 8395902017300067668 n

Синоќа во свечената сала на КИЦ – Офицерски дом се отвори изложбата на тематски фотографии во рамките на одбележување на јубилејот 20 години Арт Поинт – Гумно. Автор на фотографиите е Ероу Рос, кој е американец со данско потекло и е насловена како „Последните селани“.

355693587 277451158105135 1079027544243479442 n

Рос има светска репутација како фотограф и беше еден од првите гости во уметничката резиденција на Арт Поинт – Гумно во село Слоештица, демирхисарско каде веќе дваесет години твореле над 80 уметници од целиот свет.

356247343 277450854771832 6791133519140081889 n

Изложбата ја најави директорката на КИЦ, д-р Лили Бошевска, додека уводните зборови ги започна Сергеј Андреевски, кој секако се повика на романот на неговиот татко, легендарниот македонски писател Петре М. Андреевски кому и на скромен начин му оддадоа почит за неговата 89-та годишнина од раѓањето.

355677910 277450781438506 2550688117139867376 n

„Па јас така би рекол дека нашата прва мисија беше да продолжиме на Пирејот да му тураме вода и тој да биде уште поснажен. Секако тука би се надоврзал на идејата на Черчил дека не треба да се заборава минатото за да одиме напред. Ние тоа го правиме секојдневно со нашето семејство, тука се веќе вклучени и нашите деца кои морам да ги истакнам, Воскресија со дизајнирањето на сите наши активности, додека и синот кој работи надвор од нашите граници е активен член на Арт Поинт – Гумно. Ова што го гледате околу вас, фотографиите, тоа е една меморија што јас го носам во себе уште од најмали нозе“.

355693948 277450808105170 3324916028112029369 n

Неговата сопруга Ирена Андреевски ја отвори изложбата и објасни дека тоа претставува една убавина уловена пред да исчезне, низ сликите и уметничките дела од над 80 уметници кои ги посетиле и твореле во изминативе 20 години.

356085003 277450818105169 8711687169694846668 n

„Изложбата на американскиот фотограф ја улови суштината не само на Слоештица, туку воопшто на македонското село. Романтично, егзотично, топло и заборавено“.

355907789 277451208105130 4412212076714703761 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…