Љубовната приказна на Стефанија Милевска Враниќ и Владимир Враниќ беше крунисана со венчавката и свадбата која се одржа на Златар планина во Нова Варош, Србија ( родниот крај на Владимир).

Препознатливиот стил беше пренесен во секој детал, од облека, до место, храна, музика. Цел настан беше организиран како настап на кој младенците изведоа музички и танцов перформанс, со авторска музика.

Свадбените уникатни костими ги изработи модната дизајнерка Анастасија Зулевска, мајка на невестата. Идејата за самите костими произлезе од македонската и српската носија, која се трансформира во една нова современа верзија. Костимите се во бела бисерна боја изработени од чипка со квадратни реси, чипка со рачно изработена монистра и брокат.

Спојот на Стефанија и Владимир настана во Битола, кога Владимир дојде да игра кошарка во Пелистер. Музиката е нивниот заеднички јазик. Стефанија како професионална пејачка доби надополнување од звуците на гитарата на Владимир. Од првиот момент функционираат и како музичко дуо. Неговата професија ги тера често да менуваат градови, но нивното место на живеење е во Битола. Како појдовна точка, Битола е градот каде творат и создаваат.

Нивните следбеници можат да ги најдат во Анастасија Центар, каде што им функционира и платформата за тренинзи Flow and movement, каде држат и часови за музика и танц, снимаат нова музика во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World.













Фотографии на Александар Бубања









